Македонија
Тренчевска: Со фенер да ги бараше понеспособни кандидати за заменици Мицкоски не можеше да најде
																								
												
												
											Денес имаме на дневен ред избор на заменици министри, со фенер да ги баравте, понеспособни кандидати немаше да најдете, битно вдомивте 20 функционери, рече пратеничката Јована Тренчевска.
Тренчевска истакна дека ако се погледнат биографиите на предложените заменици министри очигледно е дека нема да сработат ништо.
-Предлогот за заменик министер во министерството за одбрана нема ниту еден ден работно искуство во одбрана или барем нешто поврзано со обраната, освен она што сама си го навела во биографијата дека била придружник на лице упатено во делегација во Брисел и тоа го наведува како искуство. Ова да не е жално. Ескперт за веб дизјан од приватна фирма оди во општинска администрација, напредува, ја вработува сопругата во оптшината и ја прави инспектор бидејќи инспекторите земаат 30 % повисока плата, прави партизација на општината, а зборува за департизација. Доктор по науки за кинзиологија е предлог на заменик министер за внатрешни и да бидам искрена биографијата е добра за спорт, а не за МВР, а таму оди инженер за информатика. И нема да наборјувам уште се што имаме и повторно ќе кажам секоја чест на исклучите, заота што е многу тажно на кое ниво е спуштена финкцијата заменик министер. Со вакви министри и заменици министри не може да очекуваме ништо добро за граѓаните, за државата, освен лаги, неостварени програми и лажен пиар за Македонија повторно горда, порача пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска, од собраниската говорница.
Битно вдомивте нови 20 функционери, 20 партиски послушници, а тоа што со ребаланост кратите од, младите, од болните, од лицата со попреченост, од граѓанските организации, од платите од професорите од лекарите, само за да на овие 20 нови функционери и на вашите нови 24 кабинети да им обезбедите убави плати не е битен квалитетот, битно е да се задоволи владината коалиција. Велат какви министри такви заменици, првите катастрофа, вторите уште поголема, рече Тренчевска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
																	
																															Македонија
Љутков ќе се обрати на 43 сесија на Генералната конференција на УНЕСКО
														Министерот за култура и туризам Зоран Љутков ја предводи македонската делегација на 43. сесија на Генералната конференција на УНЕСКО што од 30 октомври до 13 ноември се одржува во Самарканд, Република Узбекистан.
Љутков утре (5 ноември) во Конгресниот центар „Патот на свилата“ во Самарканд ќе се обрати на дебатата посветена на генералните политики на Организацијата, на која учествуваат министри и претставници од земјите членки на УНЕСКО.
На Генералната конференција учествуваат претставници од над 200 земји и меѓународни организации. За време на двонеделното заседание ќе бидат усвоени значајни документи што ги одредуваат буџетот и програмата за работа на УНЕСКО за следниот период, а државите членки ќе изберат и членови на извршниот одбор. Се очекува во текот на Конференцијата да биде именуван и нов директор на Организацијата.
Одржувањето на Конференцијата во Самарканд е од особено значење бидејќи за првпат по повеќе од четири децении Генералната конференција на УНЕСКО се одржува надвор од седиштето на Организацијата во Париз.
Учеството на овој меѓународен собир, во кој Република Македонија е полноправна членка од 28 јуни 1993 година, ја потврдува континуираната посветеност на земјава кон целите и вредностите на УНЕСКО, а претставува и можност за унапредување на видливоста на македонската култура на глобално ниво.
Македонија
Утре без вода дел од скопски Центар
														Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( среда ) поради дефект во шахта од ф – ¾ на ул. Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од ул. Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција. ( општина Центар )
Македонија
Ако ДУИ беше опозиција пред десет години, и тогаш ќе го имавме овој изборен резултат, тие немаа можност за злоупотреби, вели Алиу
														Граѓаните во нашата земја десет години сакаа промена на политичкиот амбиент и ако ДУИ пред десет години беше опозиција, ќе го имавме резултатот што сега го имаме на локалните избори. Вака актуелниот министер за здравство од коалицијата „Вреди“ гледа на изборните резултати, а на прашањето дали ќе остане министер одговара дека секој ден работи како да не му е грижа на која позиција ќе биде утре оти верува во својата експертиза.
„Резултатите се видливи, но, за жал, видливи се по десет години. Граѓаните во нашата држава и пред десет години сакаа да има промена во политичкиот амбиент во државата. За жал, беа искористени сите можни политички притисоци и администрација од страна на ДУИ за да може да опстои десет години, без желба на граѓаните. Тие првпат се соочија со локални избори од позиција на опозиција и ги немаа тие можности да се злоупотреби овој политички момент. Реалноста, ова фактички што го гледаме денеска, сите општини во државата се менаџираат од стручњаци од ‘Вреди“, верувам дека би била не денеска, ако се вратиме десет години и ако ДУИ била во опозиција тогаш, истиот резултат ќе го имавме и тогаш. За жал, тоа е тоа, по десет години, имаме нов амбиент во државата“, рече министерот Алиу денес при посетата на Клиниката за кардиологија.
Како владин коалиционер, министерот Алиу уверува дека фокусот на „Вреди“ е постигнување добри резултати оти бргу се доаѓа до процеси во кои граѓаните, ако не ги почувствуваат промените, ќе се почувствуваат разочарано.
„Тогаш разочараноста ќе биде многу поголема. Ние како политичари ќе имаме голема одговорност ако навистина по ваков добар резултат, по вакви избори, граѓаните не почувствуваат дека ние знаеме поинаку да менаџираме со политичките процеси и на локално ниво. На централно ниво тоа веќе го докажавме за една и пол година. Верувам дека и на локално ниво за една и пол година ќе се почувствуваат тие инфраструктурни подобрувања“, рече министерот Алиу.
Алиу стана министер за здравство пред половина година откога поранешниот министер за здравство Арбен Таравари ја напушти коалицијата „Вреди“ по низа несогласувања за настапот на локалните избори.

