Македонија
Трипуновски: Министерството за животна средина да го стави во функција хидросистемот спас за Дојранско Езеро
																								
												
												
											Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски е во работна посета на Дојран.
Трипуновски заедно со дел од неговиот кабинет го посетија Дојанско Езеро и направија увид на актуелната состојба на езерото и на хидросистемот за спас на Дојранско Езеро.
Состојбата е катастрофална и водостојот на Дојранско Езеро е намален за 1.5м што го загрозува биолошкиот свет во езерото. Хидросистемот Ѓавато за спас на Дојранско Езеро започнува од местото Ѓавато и истиот не е во функција бидејќи со одлука на Влада се исклучени пумпите кој го снабдуваат овој систем со вода.
Дополнително има информации дека од страна на концесионерот на Дојранското Езеро не се издаваат дозволи за рекреативен риболов бидејќи езерото се користи за стопански риболов односно максимално искористување на рибниот фонд од страна на концесионерот. Апел до Државниот земјоделски инспекторат да се изврши контрола за начинот на стопанисување со Дојранско Езеро.
Трипуновски упати апел до Министерство за животна за животна средина, како одговорна институција за хидросистемот, веднаш да започне со санација на цевките и цевководот и да го стави во функција хидросистемот спас за Дојранско Езеро.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
																	
																															Македонија
Без струја делови од Сопиште, Петровец и Гази Баба
														Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од дел од с.Долно Соње.(Општина Сопиште)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Горно, Средно и Долно Коњари. (Општина Петровец)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Чифлик. (Општина Сопиште)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Катлановска Сушица. (Општина Петровец)
· од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Вера Вучкова Жежељ, во нас. Хиподром. (Општина Гази Баба)
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
														Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Во среда и четврток ќе преовладува претежно стабилно време, а нови локални врнежи од дожд повторно се очекуваат во петок и во деновите од викендот.
Македонија
Во Битола по 67 пат одржана традиционалната Ноќна атлетска трка
														Во рамките на одбележувањето на 4 Ноември, денот на ослободувањето на Битола, на Широк Сокак се одржа традиционалната Ноќна атлетска трка, во организација на Сојузот на спортови на Битола, со поддршка на Општина Битола.
Оваа манифестација, која се одржува по 67-ми пат е најстарата спортска манифестација во Битола. Годинава учествуаа над 700 учесници, основци, средношколци, студенти, граѓани и ветерани. Натпреварите се одвиваа во 24 категории, во машка и женска конкуренција.
Дел од наградите на најдобрите натпреварувачи им додели градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој истакна дека манифестацијата претставува симбол на спортскиот дух и заедништвото на битолчани.
„Горд сум што во очи денот на ослободувањето на Битола можеме да ја прославиме спортската традиција на нашиот град. Ноќната трка е симбол на упорност, младост и љубов кон Битола. На сите учесници им честитам на храброста и ентузијазмот, а на победниците им посакувам уште многу успеси,“ рече Коњановски.

