Македонија
Трипуновски на средба со Масимилијано Паолучи, директорот на Светската банка во Македонија

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска одржа работна средба со Масимилијано Паолучи, директорот на Светската банка во Македонија и д-р Теклу Тесфаје, виш економист за земјоделство во канцеларијата на Светската банка во Македонија.
Разговаравме за проектот „Модернизација на земјоделството“, кој е финансиран од Светската банка, ме известија за статусот на имплементацијата и текот на активностите, како и за застојот со кој се соочиле при реализацијата на проектот“, изјави Трипуновски.
Двете страни изразија спремност за понатамошна успешна соработка со цел реализација на планираните, но и почнување нови заеднички проектни активности.
Јас ќе сторам сè за да помогнам во имплементацијата на проектот „Модернизација на земјоделството“ и тој да биде финализиран што побргу бидејќи македонските земјоделци заслужуваат модерни и квалитетни услови за работа, заврши Трипуновски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Во вториот круг се бориме за 17 места, граѓаните масовно да излезат на гласање“, повика СДСМ

„СДСМ ја продолжува изборната кампања за вториот круг, во кој се бориме за 17 градоначалнички места. СДСМ докажа дека на овие избори има одлични кандидати кои ја добија довербата од граѓаните. Тие освоија повеќе од 155.000 гласа, и ги повикуваме сите кои ја препознаа чесната понуда на СДСМ и чесните кандидати да излезат во вториот круг“, велат од СДСМ.
„СДСМ ги повикува сите граѓани кои гласаа за другите кандидати што не влегоа во вториот круг, да дадат поддршка на нашите кандидати. Тоа се луѓе кои ќе работат во интерес на сите граѓани, кои им служат пред сè на граѓаните, нивните интереси и барања.
Нашите кандидати имаат реални програми и план за реализација на ветеното, наспроти кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ кои докажано не реализираат ништо од ветеното“, се додава во соопштението на СДСМ.
Македонија
(Видео) Митески за алармантната состојба со отпадот: Кога безобразноста и дрскоста се присутни – мораме да вратиме со здрав разум!

„ЈП „Комунална Хигиена“ Скопје под раководство на Данела Арсовска е надлежна за собирање на смет, празнење на контејнерите и чистење на општините на територијата на Град Скопје. Истите, за таа работа се платени од граѓаните на Аеродром“, вели актуелниот градоначалник на Аеродром, Дејан Митески.
„Во изминатиот период или повеќе од 10 дена не се празнат контејнерите на територијата на општина Аеродром и не се подигнува отпадот од домаќинствата во Лисиче.
Ние како општина поднесовме кривична пријава до Основното Јавно Обвинителство – Скопје, како и до Министерството за внатрешни работи. Одговорноста има име и презиме и таа мора да се детектира.
Од страна на комунални инспектори на општината ги казнивме два пати по 80.000 евра, но попусто, кај нив не владее здравиот разум.
Надвор од нашите надлежности, се организиравме да го исчистиме Аеродром! Чистиме насекаде, од Долно Лисче до Мичурин. Благодарност до општините: Илинден, Зелениково, Сопиште како и до многуте општествено-одговорни компании кои помагаат во целиот процес.
Ќе издржиме уште 10 дена – Аеродром ќе го исчистиме!“, додава Митески.
Македонија
И СДСМ излезе со проценки: Со ваков резултат ВМРО-ДПМНЕ би имале 52 пратеници, а СДСМ 21

СДСМ реагираше на тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека се апсолутни победници на локалните избори, посочувајќи дека бројките, според нивната анализа, покажуваат сосема поинаква слика.
„ВМРО-ДПМНЕ не може да го скрие падот, бројките се јасни и немилосрдни кон нив. Анализата на пратенички места според гласовите е прецизна математичка операција која јасно покажува дека ВМРО-ДПМНЕ би паднале на 52 пратеници, а СДСМ би имал најмалку 21,“ соопштија од партијата.
Од СДСМ велат дека очајните обиди за манипулација се резултат на шокот поради падот од преку 140.000 гласа, што, како што наведуваат, е сигнал дека граѓаните ги препознале лагите и погрешните политики.
„СДСМ ја продолжува битката за уште 17 општини. Ги повикуваме граѓаните масовно да излезат на гласање во вториот круг и да гласаат за кандидатите на СДСМ — докажани и чесни луѓе кои уште во првиот круг покажаа дека имаат што да понудат,“ се додава во соопштението.
Реакцијата следува по објавата на ВМРО-ДПМНЕ дека со над 300.000 гласови и повеќе од 550 советници низ земјата и Скопје се апсолутен победник и дека, според нивната пресметка, кога утре би биле парламентарните избори би освоиле над 60 пратенички места.