Македонија
Три банки оствариле рекорден профит од над 184 милиони евра во 2023 година, велат од Левица
Комерцијална, НЛБ и Стопанска банка АД Скопје ги срушија сопствените рекорди и остварија профит над 184 милиони евра во 2023 година, повисок од претходната година за 61,6 отсто. Приходите од камати изнесуваат 267 милиони евра, а приходите од провизии и надоместоци безмалку 116 милиони евра. Стопанска Банка оствари највисоки приходи од камати, а НЛБ Банка води со профит околу 70 милиони евра, велат од Левица.
„Најголема заслуга за овие рекордни профити на лихвобанкарите има Народна банка, која уште кон крајот на 2021 година започна да ја затега монетарната политика и ја зголеми референтната стапка за пресметување на стапката на казнена камата и стапката на благајничките записи. Казнената камата достигна дури 14,3 отсто! За разлика од завршните сметки во 2022 година, кога им се „закануваше“ данокот на солидарност, во 2023 година немаше „опасност“ од оданочување на нивните екстра профити. Затоа банките не беа „принудени“ да ги користат своите вештини, да ги фризираат завршните сметки и да прикажат помали добивки. Банките го избегнаа ова оданочување, а во прилог им одеа и недостатоците на задоцнетото и еднократно законско решение“, велат од Левица.
Како што дополнуваат, за разлика од Македонија, Словенија воведе времен данок за банките во наредните 5 години.
„ Го зголеми данокот на добивка од 19% на 22% и воведе привремен данок од 0,2% на вкупниот биланс на состојба (актива, односно вредност на сите средства) на словенечките банки и филијали на странски банки во Словенија. Во Македонија, стапката на данокот на добивка е иста и за малите стопанственици и за најпрофитабилните компании. Изнесува само 10 отсто. Ликвидноста на банките е сè поголема, како и нивните профити, а народот се бори со крпење на дупките во семејниот буџет. Сето ова придонесе да се намали животниот стандард и куповната моќ на граѓаните. Затоа Левица во изборната програма се залага за антилихварско банкарство преку воведување на прогресивен данок на добивка и ограничување и намалување на каматите, провизиите и надоместоците, со цел да се намали осиромуашување на граѓаните по разни основи во Македонија и да се стави крај на должничкото ропство“, завршуваат од Левица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

