Македонија
Тројца основци наградени за најдобар концепт за видеоигра за животната средина
Осмоодделенецот Матеј Цветковски од Радовиш е добитник на првата награда за изработка на концепт за видеоигра на тема „Зачувување на животната средина“ во рамките на проектот „Видеоигротека“ во организација на Унијата на македонските професионални асоцијации во креативните индустрии – УМПАКИ Скопје. Неговиот концепт за игра, со наслов Valley of Sprouts, беше избран за најдобар од повеќе пријавени на повикот што беше распишан кон крајот на септември и траеше до 18 октомври.
Тричленото жири, составено од Гораст Цветковски, Саша Станишиќ и Петар Котевски, одлучи да додели и втора награда – гејмпад, на шестоодделенецот Матеј Цветковски и на осмоодделенецот Максим Ѓоргиев за нивниот заеднички концепт за играта Haunted House.
Победничките проекти беа промовирани во последната епизода на познатиот поткаст за видеоигри GG (gg.mk).
Според пропозициите на повикот, право на учество имаа тимови и индивидуалци до 18-годишна возраст. Натпреварувачите требаше да смислат концепт за игра, да приложат минимум 5 слики и нацрти (цртежи, фотографии, дигитални дизајни и слично) за играта и кус опис од неколку реченици.
Цел на проектот е да се промовира етички однос кон природата и ќе го потенцира овој проблем како многу битен и клучен за развој нa здраво општество и земја. Видеоигрите што се дел од активностите од проектот треба да послужат како алатки за подигање на општествената свест кај младите. Идејата е и младите да се запознааат со креативните можности што ги нуди еден од најбрзорастечките нови медиуми, а тоа се видеоигрите.
Унијата на македонските професионални асоцијации во креативните индустрии УМПАКИ – Скопје, како единствена организација од овој вид во државата (која вклучува разни асоцијации од областа на креативните индустрии), е посветена на унапредување и развој на сите сегменти на креативните индустрии. Проектот „Видеоигротека“ е поддржан од Министерството за култура.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска се заблагодари за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката
Силјановска Давкова се заблагодари за честитката од ЕУ и порачува дека со нетпрение очекува да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион.
„Денеска, како избрана претседателка, добив официјално соопштение од Европската Унија со кое ми се честита победата на изборите. Темелот на мојата на кампања беше градењето на консензус помеѓу сите политички партии во Собранието, како од власта, така и од опозицијата, граѓанското општество и македонските граѓани, независно од нивните разлики. Нашиот клучен стратешки проект е европската интеграција и истата останува да биде темел за градењето на консензус помеѓу различните чинители во општеството. Потенцирам дека под мое водство нашата надворешна политика ќе продолжи да биде целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Со нетпрение очекувам да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион“, се наведува во соопштенеито испратено од тимот на Гордана Силјановска Давкова.
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеи.
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
Македонија
(Видео) Стоилковски го поздрави лидерот на ДУИ јадејќи бисквита: „Поздрав, Али“
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на социјалните мрежи објави видео во кое, јадејќи бисквита го поздрави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Стоилковски вели дека оди на состанок со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа зема бисквита и почнува да ја јаде.
„Поздрав, Али“ , вели Стоилковски.
Стоилковски алудира на изјавата на Ахмети која тој ја даде од митингот на „Европскиот фронт“ во Скопје пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори кога рече оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е израснат со бисквити и гурабии.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.