Македонија
Тупанчески: Заложбата за модерно и ефикасно судство, полека но сигурно, дава резултати
Министерот за правда, Никола Тупанчески, денес потпиша девет договори за размена на податоци со државните институции, кои на дневна основа со судовите остваруваат 50% од размената на податоците, за што ја изрази неговото задоволство од постигнатите резултати и од започнувањето на процесот на интероперабилност.
„Судовите за почеток ќе овозможат користење на четири веб сервисни услуги од базите на податоци, а во наредниот периодот таа бројка постепено ќе се зголемува. Со оглед на комплексноста и сложеноста на процесот денес започнува ново поглавје во македонскиот правосуден систем, како прва земја од земјите од регионот во која 34 суда кои се приклучени на Националната платформа за интероперабилност, со потпишувањето на договорите, наместо со физичка размена на податоците целиот процес ќе го водат преку платформата за интероперабилност“, рече министерот Тупанчески.
Министерот се осврна на придобивките што со себе ги носи вештачката интелигенција, напредокот и усовршувањето на техничките и оперативните перформанси на ИКТ алатките, во насока на поголема ефикасност, транспарентност и пристап до правдата.
„ ИКТ алатките и дигиталните решенија треба да го олеснат процесот, а со тоа ќе се добие на ефикасност, ефективност и оперативност во работењето, врз основа на сите претходно детектирани процесни слабости за сметка на искористување на предностите и придобивките. Верувам дека овој чекор, за сите учесници во судските процеси, ќе се овозможи побрзо одлучување и суштинско елиминирање на неефикасноста на правосудниот систем“, додаде министерот.
Договорите беа потпишани со следните државни институции: Министерството за внатрешни работи, Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, Централен регистар, Царинската управа, Државната изборна комисија, Управата за финансиска полиција, Управата за финансиско разузнавање, Државната комисија за спречување на корупцијата, Агенција за цивилно воздухопловство.
Владата минатата година го донесе Оперативниот план за дигитализација на правосудните органи, при што Министерството за правда преку Советот за ИКТ изминатите месеци интензивно работеше на операционализација на активностите за меѓусебно поврзување и размена на податоци помеѓу правосудните институции и тоа 34 суда и државните органи и институции преку Националната платформа за интероперабилност.
Со почит,
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Ако лажат британските медиуми и „нема легални и нелегални мигранти“ – Мицкоски нека ја потпише Резолуцијата!“, бара СДСМ
„Христијан Мицкоски тврди дека британските медиуми, кои објавија дека се договара прифаќање мигранти во Македонија за пари, лажат. Исто така, тврди дека „нема легални и нелегални мигранти“. Значи, според Мицкоски, сите лажат“, велат од СДСМ.
„Ако е навистина така, тогаш зошто Мицкоски не ја потпишува Резолуцијата? Што чека? Зошто одолговлекува и бега?
Еве, нека ја потпише Резолуцијата на СДСМ. Со само еден потпис ќе ги расчисти сите сомнежи и дилеми.
Ние сме конструктивни и транспарентни од првиот ден. Резолуцијата е јавно објавена и сите ја видоа.
Граѓаните бараат дела – конкретен чекор од Мицкоски, а не празни зборови.
Затоа што за граѓаните неговите зборови одамна не важат, поради сите ветувања што не ги исполни. Како и ветувањето дека ќе се повлече од политиката ако се докаже поврзаност со Агенцијата за обезбедување во Кочани. А има и многу други неисполнети ветувања. Списокот е долг.
Мицкоски веднаш нека ја потпише Резолуцијата, а не да ја руши со контра Резолуции. Потпиши и нема мигранти. Толку е едноставно.
Ако одбива да потпише – тогаш сè е јасно: Мицкоски не ја зборува вистината, а договор за мигранти сепак има“, соопшти СДСМ.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.

