Македонија
Тупанчески на првиот академски час: Не учете за оцена! Учете да научите! Учете за да знаете!
Министерот за правда, Никола Тупанчески, се обрати на првиот академски час на Правниот факултет „Јустинијан Први“. На идните студенти им посака да имаат среќна и успешна година, да го искористат својот потенцијал, да бидат креативни.
„Старите Римјани рекле Festinа lente. Брзајте, но бавно, пополека – кон вашата цел, а тоа е кога ќе завршите со ова поглавје, еден ден да станете истакнати правници, адвокати, судии, обвинители, новинари, професори, политолози, па и политичари. Тоа ќе го постигнете само со учење. Не учете за оцена! Учете да научите! Учете за да знаете! Знаењето никој никогаш не може да ви го одземе! А многу бргу ќе дојде времето кога кормилото ќе дојде во ваши раце и знаењето ќе треба да го примените во пракса“, им порача министерот за правда Никола Тупанчески на идните студенти.
Оваа генерација студенти се разликува од претходните. Новиот стил на живеење, рече Тупанчески, а особено условите што се наметнаа во изминатите неколку години, доведоа до тоа студентите да бидат постојано присутни и активни на социјалните мрежи, па дури и дел од процесот на образование да го следат по видеоконференциски пат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

