Македонија
Уапсено лице што се движело со камења и чекан кон Собранието, хоспитализирани двајца полицајци
Двајца полициски службеници се повредени и хоспитализирани за време на денешниот протест против францускиот предлог.
Според информациите од терен, полицијата приведе лице што се движело кон Собранието со чекан и камења.
Претходно денес, дојде до насилство кај трговскиот центар „Мавровка“ кога група лица со камења, стаклени шишиња и други предмети ги нападнаа демонстрантите додека се движеа кон Министерството за надворешни работи.
Дел од групата беше и вооружен маж, кој се закануваше и пукаше со пиштол, а подоцна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објави дека оружјето било наменето за него и побара од МВР и од министерот Оливер Спасовски лицето итно да биде приведено.
Демонстрантите што во моментот се наоѓаат пред законодавниот дом бараа провокатори откога шише заврши во едно од прозорците на објектот. На новинарите им рекоа да не снимаат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Андоновска: СДС под контрола на Заев и Филипче ја уништија партијата, време е за вистинска опозиција
По катастрофалните резултати од изборите, повеќе нема дилеми дека СДС е во целосен пад. Трета партија во државата и петта во Скопје. Ова не е случаен резултат. Ова е директна последица на раководството на СДС и Венко Филипче, кој очигледно и натаму работи под диригентската палка на Зоран Заев, вели Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.
Филипче, додава таа, наместо да ја реформира СДС, ја претвори партијата во негов приватен проект под влијание на Заев, народот го препозна тоа и ги казни.
„Со само шест освоени општини, едвај 126 илјади гласови и околу 230 советници, СДС го доживеа најголемиот изборен пораз во својата историја.
И по овие резултати, во СДС нема ниту реформи, ниту одговорност. Само лажни искази дека ја примиле пораката и дека ќе има промени. Затоа, време е СДС да се соочи со вистината дека Филипче мора да си замине, партијата мора конечно да се дистанцира од Зоран Заев и да направи вистински реформи“.
Македонија и ВМРО-ДПМНЕ, оценува Андоновска, мора да имаат опозиција која ќе биде конструктивна, одговорна и ќе придонесува за државата, а не арогантна и деструктивна партија која мисли само на личните интереси.
Македонија
Градоначалничката на Кисела Вода Стаменкоска-Трајкоска со акција за пошумување
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, денес учествуваше во акција за пошумување, организирана од Општина Кисела Вода, во непосредна близина на Паркот на шахот, во населбата 11 Октомври – Бараки. Во рамките на активноста беа засадени дваесет нови дрвја, како почеток на серија акции за дополнително зазеленување и унапредување на животната средина во општината.
Дрвјата се донација од Централна кооперативна банка АД Скопје, која со овој чин уште еднаш ја покажа својата општествена одговорност и поддршка за еколошките иницијативи на локалната самоуправа. Дел од вработените во банката денес беше заедно со градоначалничката на терен, придонесувајќи кон реализацијата на оваа значајна акција, велат од општината.
-Со денешната активност ја потврдуваме нашата заложба за континуитет во создавањето поубава, позелена и почиста Кисела Вода. Пошумувањето и уредувањето на зелените површини ќе бидат еден од моите приоритети во управувањето со општината, бидејќи зеленилото значи подобар квалитет на воздухот, поубава околина и поздрав живот за нашите сограѓани. Благодарна сум на Централна кооперативна банка АД Скопје што го препозна значењето на оваа иницијатива и даде свој придонес кон позелената иднина на нашата општина. Ваквите партнерства се од големо значење. Кога институциите, компаниите и граѓаните делат исти вредности, резултатите се видливи и трајни- изјави Стаменкоска-Трајкоска, додавајќи дека посветеноста на хигиената, уредноста и зачувувањето на јавните површини ќе оди рака под рака со нови проекти за пошумување, создавање мини паркови и ревитализација на постојните зелени зони.
Македонија
Кожуф добива нова зимска атракција – патека долга 1200 метри
Во Ски-центарот „Михајлово“ се гради нова скијачка патека долга 1200 метри, на надморска височина од 1400 метри, заедно со нов ски-лифт и уште две дополнителни ски-стази.
Според градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, овој проект претставува силен развоен чекор за зимскиот туризам и планинските спортови во регионот, а Кавадарци ќе стане задолжителна зимска дестинација.
Отворањето на новата патека е планирано за 1 јануари 2026 година, со што Кожуф добива „нова зимска енергија“, напиша Јанчев на својот профил на „Фејсбук“.

