Македонија
„Уживај другар наредни сто дена и прај се ко фараон бетер од Таљат“: Апасиев со струшки дијалект му честиташе на новиот спикер
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев на струшки дијалект му го честиташе изборот на новиот спикер Јован Митрески.
„Друже, Јовче. Златна рипка да фатеше во езероно, немаше да ти текнит дека некоаш во животот че беше спикер на парламентот. Уживај другар наредни сто дена и прај се ко фараон бетер од Таљат“, му порача Апасиев кој прочита писмо од сограѓаните на Митрески.
„Ко че се вратиш в Струга со празно CV, а полни џебој, рипката не му ја давај на шерифон Мерко од ДУИ зш е на црна листа во Америка. Пушти ја во езероно нек ја фатит вмроецон Пецак од Охрид, него че му требит зш многу местит тендери. То е брат, шибај и све нај нај, ич да не ти чует”, му порача преку пораката Апасиев на Митрески.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди
Променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во среда и четврток, кога на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Од среда ветерот ќе го промени правецот во северен.

