Македонија
Укинати рестрикциите за земјите од Западен Балкан, ќе можеме да набавуваме медицинска опрема од ЕУ
Министерството за надворешни работи соопшти дека Европската Унија ја прифатила иницијативата на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, за укинување на извозните рестрикции за земјите од Западен Балкан за набавка на медицинска заштитна опрема.
„По иницијатива на Димитров, на која се приклучија сите министри за надворешни работи од регионот, Европската комисија почна консултации со земјите членки за географско приспособување на предлог-регулативата за извозни рестрикции за медицинска опрема, со која земјите од Западен Балкан ќе бидат изземени од обврската за барање извозни дозволи за набавка на ваков вид опрема при увоз од земјите на ЕУ“, информираат од МНР.
Новата регулатива е предвидено да почне да се применува од 26 април отсега покривајќи само една категорија – медицинските лични заштитни маски, за која ќе биде потребна посебна извозна дозвола за другите земји кои не се изземени од нејзиниот географски опфат. Сите други категории, кои претходно беа предмет на рестрикции, ќе бидат ослободени.
Шемата за извозни рестрикции беше воведена како мерка од страна на ЕУ за да се адресира епидемиолошката криза предизвикана од коронавирусот.
Во духот на меѓународната солидарност, новата шема ќе ги обврзе земјите членки на ЕУ експедитивно да ги процесираат барањата и да издаваат извозни дозволи за итни набавки во контекст на хуманитарна помош за справување со коронавирусот, врз основа на проверка за расположливоста, во консултација со Европската комисија.
Со изменетата регулатива земјите од Западен Балкан ќе бидат целосно изземени од ваквиот механизам на ЕУ за сите видови медицинска заштитна опрема и материјали, наведе МНР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Сервисни информации
Нормализиран сообраќајот на патот Битола – Новаци
Сообраќајот на регоналниот пат Битола – Новаци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
(Видео) Лефков: Георгиев и Мемети се дел од правосуден октопод, кои, наместо да гонат криминал, се занимавале со криминал
Апсењето на врховниот судија Наке Георгиев за земање на мито од 10 илјади евра е само уште една потврда дека Македонија со власта на СДС и ДУИ ниту била правна држава, а уште помалку европска.
Судијата кој целата своја судиска кариера и унапредување ја добива во време на владеењето на СДС, вчера беше фатен на дело како земал поткуп во замена за олеснителни околности во постапката која се води против екс градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев, истакна на прес-конференција Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Георгиев, како што појасни Лефков, станал судија во 1997, па бил избран за судија во Апелациониот суд во 2004, па врховен судија во 2020 година, а потоа беше контроверзно избран и за член на Судскиот совет, па потоа уште поконтроверзно се повлече, за да може неговиот син да биде избран за судија во Кривичен суд.
„Неговото апсење го покажа целиот сјај на бедата во која СДС и ДУИ го доведоа правосудството во Македонија.
Наместо правдата, владееле криминалот и корупцијата, а ликови како Георгиев, наместо да се борат против престапниците, самите го прекршувале законот за имотна корист“, додаде тој.
„Но тоа не е се. Да биде срамната слика за македонското правосудство целосна, постои основан сомнеж дека и јавен обвинител бил дел од оваа афера.
Имено извршен е претрес и во домот на членот на Советот на обвинители Иџет Мемети, и претрес во службените простории на Советот на јавни обвинители, по основано сомнение дека тој заедно со Наке Георгиев ја злоупотребил својата позиција и барал мито за истиот случај како и врховниот судија, во замена за олеснителни околности во судската постапка.
И Мемети, како и Георгиев, тесно се поврзуваат за претходната власт, односно важи за исклучително близок за ДУИ. Својата кариера ја почнува кога оваа партија доаѓа на власт и извршува високи функции од правобранител, министер за правда, уставен судија, па до член на Советот на јавни обвинители.
Ова е судски октопод. Во судскиот систем владее организирана банда која тргува со правдата и која наместо по словото на законот работи по словото на парите“, потенцира Лефков.
Повика, надлежните институции да го истражат целиот овој случај и многу други, бидејќи, како што рече, оценуваат дека корупцијата во судството не завршува само со Георгиев и Мемети, туку пипците се многу поголеми и подлабоки, од основни, апелациони судови и обвинителства, па се до високи политички позиции на власта на СДС и ДУи во заминување.
„Без правна држава, нема Европска Унија. Без владеење на правото нема ниту напредок, ниту подобар живот во Македонија.
Со корупцијата мора да има силна и одлучна борба и никој не смее да биде заштитен или амнестиран.
Доаѓа времето на одговорност“, дециден е Лефков.
Македонија
Тошковски во посета на Секторот за компјутерски криминал и Одделот за прекршоци: во фокусот задржување на постојниот и привлекување нов кадар
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денес, оствари работни посети во Секторот за компјутерски криминал и Одделот за прекршоци, каде што одржа работни состаноци со раководствата на овие организациски единици на Министерството.
Секторот за компјутерски криминал има специфичен делокруг на работа и постапува по неколку кривични дела, како што се загрозување на сигурноста по пат на информатички систем, злоупотреба на лични податоци, прикажување порнографски материјал на малолетник, производство и дистрибуција на детска порнографија, намамување за обљуба или друго полово дејство на малолетник кој не наполнил 14 години и други.
„Имајќи ги предвид квалификациите што се потребни за кадарот што работи во овој сектор и конкуренцијата на пазарот на труд, потребно е најбргу што може да се преземат соодветни мерки, со цел задржување на постојниот и привлекување нов кадар во овој дел.
Во однос на Одделот за прекршоци, исто така има недостиг на соодветен кадар, кој треба да исполнува посебни услови во согласност со Законот за прекршоците за ефикасно извршување на големиот обем на работа што го имаат. Во иднина треба да се размислува за олеснување на процедурите во делот на прекрошочната постапка, дигитализација и користење на бенефитите што ги нудат современите софтверски решенија“, истакна Тошковски.