Контакт

Македонија

УНИЦЕФ алармира за последиците од продолжениот прекин на наставата

Објавено пред

УНИЦЕФ е сериозно загрижен поради продолжениот прекин на наставата и повикува да се преземат мерки со кои ќе се овозможи децата од основното и средното образование да ја надоместат изгубената настава веднаш по враќањето на училиште. Пропуштеното мора да се надомести за да се избегнат долготрајни штети врз добросостојбата и продуктивноста на децата, е истакнато во нивното соопштение.

dobivaj vesti na viber

„Со години Северна Македонија се соочува со криза во учењето, при што повеќе од половина од учениците на петнаесетгодишна возраст не ги постигнуваат основните нивоа на знаење по читање и математика. Згора на тоа, не беа воведени програми за надоместување на пропустите во наставата предизвикани од затворањето на училиштата поради Ковид-19 и учењето на далечина. Оваа учебна година учениците веќе пропуштија две недели настава поради задоцнетиот почеток на учебната година. Сега, со пролонгираниот штрајк на наставниците, кој влегува во својата трета и евентуално и четврта недела, постои веројатност децата да изгубат до 6 недели настава во оваа учебна година и сето тоа во време кога требаше да се надоместува знаењето пропуштено како последица на Ковид-19“, посочуваат од таму.

Оценуваат дека сега, повеќе од кога било порано, треба да се донесат мерки за надоместување на пропуштеното знаење и за забрзување на образовната реформа за да може да се одговори на образовната криза која му претходеше на Ковид-19. Доколку итно не се преземат вакви мерки, економските последици од пропуштеното во учењето, како што посочуваат од УНИЦЕФ, ќе влијаат на намалена заработувачка во животот на децата од денешната генерација. Овие загуби не само што имаат тековно негативно влијание врз децата, туку ќе влијаат и врз нивниот живот во иднина и идниот економски развој на државата.

„Веднаш по враќањето во училишните клупи, најважно е наставниците да го оценат нивото на знаење на учениците и да им обезбедат настава приспособена на потребите и нивото на детето. Треба да се размисли за мерки од типот на продолжување на времетраењето на наставата, организирање часови за надоместување на пропуштеното, приспособување на наставата за да се задоволат конкретните потреби од учење на учениците и ставање акцент на стекнување клучни вештини. На матурантите ќе им треба дополнителна поддршка да го совладаат материјалот за да може непречено да го продолжат своето школување во повисоките нивоа на образование“, потенцираат од таму.

УНИЦЕФ ги повикува сите учесници во преговорите за платите на образовните работници, пред сè, да го имаат предвид најдобриот интерес на детето, да прифатат дека состојбата со кризата во образованието е алармантна и да изнајдат заемно прифатливи решенија со цел да се спречи создавање идна изгубена генерација, е наведено во информацијата.

Македонија

Нова состојба по обилните врнежи: Поплавени подруми и куќи во Охрид, Кичево, Битола, Тетово и Гостивар

Објавено пред

Од

Центарот за управување со кризи ја објави новата состојба до 13 часот по обилните врнежи од дожд во земјава.

dobivaj vesti na viber

Во Охрид и околината, поради обилните врнежи од дожд, има поплавени подруми, дворови и неколку објекти во градот. Некои водотеци се излеани, а локалната самоуправа и кризниот штаб се на терен, додека екипите на ЈП „Водовод“, „Нискоградба“ и „Комуналец“ интервенираат и ја отстрануваат водата.

Во Кичево и околните населби се појавува вода во подрумските простории и на дел од површините. Дел од граѓаните се евакуирани и сместени во привремени објекти со обезбедена храна и здравствена заштита. Поплави се забележуваат на одредени водотеци и земјоделско земјиште. Општината и Црвен крст Кичево обезбедуваат сместување, храна и лекови, додека ЈП „Комуналец“ интервенира на локациите со излеана вода, а екипи на итната медицинска помош ја обезбедуваат здравствената заштита на евакуираните лица.

Во регионот на Битола зголемен е водостојот на локалните реки со појави на локални излевања, при што се поплавени куќи, дворишта и дел од земјоделските површини. Механизацијата на општините е на терен за санација на штетите, а Кризниот штаб организира приоритети за дејствување на екипите кои се на терен.

Во Тетово и околината има пријави за уривање на потпорни ѕидови и локални излевања на водотеци. Полициските службеници извршуваат увид на местата со уривање на ѕидови, додека механизацијата на општината интервенира за расчистување на свлечишта и санација на штети.

Во Гостивар и околината се регистрирани поплави на локални патни правци и во неколку населени места. Екипите на ЈП „Комуналец“ интервенираат на локациите со поплавена инфраструктура, а механизацијата од Водостопанство излегува на терен за чистење на свлечишта и санација на штети.

Прикажи повеќе...

Македонија

Левица: Административна тортура врз повредените во „Пулс“, секој месец мора да се појавуваат пред комисии

Објавено пред

Од

Со тешки изгореници, незараснати рани и длабоки психолошки трауми, повредените од смртоносниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“ се принудени секој месец да се појавуваат пред комисии за продолжување на боледувањето. Уште од првите денови по пожарот лекарите укажуваа дека дел од повредените ќе се соочат со лекување што ќе трае со години. Наместо државата да го земе тоа во предвид и да обезбеди мир, стабилност и непречено лекување, таа ги изложува на дополнителен физички, психолошки, административен и финансиски притисок, кој го загрозува и нивното закрепнување, велат од Левица.

dobivaj vesti na viber

Според партијата, дополнително загрижува фактот што постојната законска регулатива за боледување е крута за вакви трагедии. Од Левица велат дека според важечките прописи долгорочно боледување се продолжува преку месечни лекарски комисии, со временски ограничувања и административни процедури кои се целосно несоодветни за масовна трагедија со тешки телесни и психички последици.

„Токму затоа државата уште од првиот момент имаше морална должност да изнајде начин за решавање на овој правен вакум. Државата во изминатава речиси година од трагедијата требаше да донесе посебен указ, подзаконски акт или да направи интервенција во законите за да обезбеди автоматско и долгорочно боледување без месечни комисии за сите повредени. Освен што владата на ДПМНЕ не се заангажира тоа да го направи дополнително им отежна повредените. Иако Владата на ДПМНЕ по трагедијата најавуваше апсолутна помош, реалноста е поинаква – не е обезбедена никаква финансиска поддршка ниту за семејствата на загинатите, ниту за повредените. Трошоците за патувања за лекување во странство, скапите креми, силиконски лепенки и медикаменти неопходни за долгорочна нега, целосно паѓаат на товар на семејствата“, велат од Левица.

Од таму додаваат дека најсрамен пример за институционална бесчувствителност е фактот што државата не само што не помогна, туку од хуманитарната солидарност на граѓаните наплати и данок од милион денари.

„Средствата собрани преку граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“, наменети за помош на настраданите, беа оданочени од државата, наместо самата да застане зад тие луѓе. Додека граѓаните покажуваат човечност и солидарност, институциите демонстрираат ладна бирократија и финансиски апетит. Левица смета дека е недозволиво државата да ги малтретира повредените со месечни комисии, да не обезбеди непречено боледување до конечно излекување, да не покрие трошоци за лекување, патувања и медицинска нега, а притоа да оданочува хуманитарна помош и да троши милиони на папаја во владината луксузна кујна“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

Патниот правец Струга-Ќафасан е пуштен за сите видови возила

Објавено пред

Од

Од 11.00 часот патниот правец Струга-Ќафасан е пуштен за сите видови возила, информира АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Од таму најавија дека денеска граничниот премин Богородица, односно ГП Евзони од 17 часот ќе биде затворен за сите видови на возила.

„Поради протест на грчките земјоделци, од денес 08.01.2026 г. со почеток во 10:00 часот на ГП Ники (ГП Меџитлија) ќе има забрана за движење на товарни возила во наредните 48 часа заклучно со 10.01.2026 г. во 10:00 часот. Сообраќајот за патнички моторни возила ќе се одвива со нормален тек“, информира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови,по влажни коловози.

Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Куманово, Страцин, Крушево, Железнец, како и на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија27 минути

Нова состојба по обилните врнежи: Поплавени подруми и куќи во Охрид, Кичево, Битола, Тетово и Гостивар

Центарот за управување со кризи ја објави новата состојба до 13 часот по обилните врнежи од дожд во земјава. Во...

Топ56 минути

Лажен лекар измамил 77-годишна штипјанка за сума од 700.000 денари

Вчера во 16:30 часот во СВР Штип, 77-годишна жена од Штип пријавила дека била измамена од едно лице за сума...

Македонија1 час

Синдикат на култура: Преседан во културата, министерот Љутков повторно против колективните договори

Министерот за туризам, „културно“, но доста ехидно и веќе видено (за Велигден), сега им ја честиташе Новата година и божиќните...

Македонија2 часа

Валбон Лимани претстави 3 проекти: 345 нови паркинг-места и трансформација на центарот и градскиот парк во Гостивар

Кандидатот за градоначалник на Гостивар од Националната алијанса за интеграција, Валбон Лимани, претстави три проекти: 345 нови паркинг-места и трансформација...

Свет5 часа

Трамп одобри нова казна за Путин? „Даде зелено светло“

Американскиот претседател Доналд Трамп даде зелено светло за законски предлог за нови санкции против Русија, изјави синоќа републиканскиот сенатор Линдзи...

Европа5 часа

Зеленски предложи САД да го киднапираат Кадиров, стигна одговор од Чеченија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика САД да го зголемат притисокот врз Русија со киднапирање на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров,...

Свет5 часа

(Видео) Топлотен бран ја погоди Австралија, властите предупредуваат на „катастрофален“ ризик од пожари

Делови од Австралија в петок го очекуваат катастрофални услови на избувнување пожари, бидејќи топлотен бран го погоди поголемиот дел од...

Европа6 часа

Сикорски: Варшава е отворена за распоредување германски трупи во Полска

Варшава е отворена за евентуално распоредување на германски трупи во Полска во обид да се обезбеди прекин на огнот во...

Европа7 часа

(Видео) Руски независни медиуми: Путин го прослави Божиќ во тајна воена база

Рускиот претседател Владимир Путин очигледно не го прославил овогодинешниот православен Божиќ во една од познатите московски катедрали, туку во црква...

Македонија7 часа

Поради снег забранет сообраќај за камиони на патниот правец Струга – Граничен премин Ќафасан

Од 05.15 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга...

Свет7 часа

Трамп: Венецуела од профитот од нафтата ќе купува само американски производи

Претседателот на САД, Доналд Трамп извести дека Венецуела ќе ги користи своите приходи од нафта за купување исклучиво американски производи....

Македонија16 часа

Одрони, излевања и поплави на повеќе локации – во Кичево евакуирани 60 луѓе во спортска сала поради поплавени домови

Директорот на Центар за управување со кризи, Мухамед Али, заедно со дежурните екипи на бројот за итни повици 112 и...

Македонија16 часа

Поплавени улици во Битола, мобилизирани јавните претпријатија

По обилните врнежи од дожд што вечерва предизвикаа поплавување на улици низ Битола, екипи на ЈП „Нискоградба“ и други јавни...

Македонија18 часа

Мицкоски најави лидерска средба на која би се зборувало за укинување на техничката влада

Премиерот Христијан Мицкоски во текот на утрешниот ден ќе упати покани до политичките партии за лидерска средба, на која би...

Македонија1 ден

Мицкоски за бугарската формулација „достапен јазик“ наместо македонски: Не е во прашање само Уставот, туку редефинирање на македонскиот идентитет

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, ја коментираше формулацијата „достапен јазик“, наместо македонски јазик, што ја употреби Министерството за...

Македонија1 ден

МВР ќе утврдува зошто новите службени возила биле осветувани со верски обред

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи презема мерки и активности за целосно...

Македонија1 ден

Државниот врв со божиќни честитки: Пораки за мир, семејство и солидарност

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот на Владата Христијан Мицкоски и претседателот на Собранието Африм Гаши упатија божиќни честитки до...

Свет1 ден

Трамп: Постигнавме договор за нафтата од Венецуела, ние ќе ги контролираме приходите

Каракас и Вашингтон постигнаа договор за извоз на венецуелска сурова нафта во САД во вредност до две милијарди долари, изјави...

Македонија1 ден

Денеска е Божик – денот на христовото раѓање

Православните христијани во светот, во Македонија и црквите кои се раководат по Јулијанскиот календар денеска го слават Рождеството Христово –...

Европа2 дена

Коалицијата на волните договори што по мирот во Украина

Триесет и пет земји од таканаречената Коалиција на волните во вторникот ја поддржаа Париската декларација во која се детално опишани...