Македонија
Уставниот суд ќе ја разгледува иницијативата на Трајанов за Изборниот законик

Уставниот суд ќе ја разгледува иницијативата на Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз, во врска со Изборниот законик, со кој се фаворизираат четири партии и не се обезбедени услови за рамноправен политички натпревар.
Со иницијативата, како што објаснија од Демократскиот сојуз, се бара укинување законски решенија со кои на две партии од власта и на две партии од опозицијата им се обезбедува 90 % од медиумскиот простор, финансирање изборна кампања, простор за реклама, како и во целина финансирањето на партиите преку партиски институти итн.
„Со овој закон се загризува политичкиот плурализам, што е спротивно на Уставот и воопшто на демократските правила за демократски и фер избори“, истакнуваат од ДС.
Седницата ќе почне во 9.30 часот во просториите на Уставниот суд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Семејствата на починатите во кочанската дискотека денеска излегуваат на протест

Семејствата на починатите во кочанската дискотека организираат „Марш за ангелите“.
Протестот ќе се одржи денеска во 12:05 часот.
Маршот ќе започне од Градскиот парк во Кочани, ќе продолжи кон Трговскиот центар, Општина Кочани, Полициската станица и ќе завршат пред Судот.
„Маршот на семејствата на покојните не е за поддршка на обезбедувањето, единствено и исклучиво за почит спрема покојните и барање на правда“, стои во известувањето.
Македонија
Денеска облаци и сонце, утре дожд и снег

Утре голема промена на времето.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има услови за развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималните температури ќе се движат од 0 до 9, а максималните од 12 до 20 степени.
Во Скопје, променливо облачно со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде 8, а максималната 20 степени.
Утре ќе има брз продор на студена воздушна маса од север, кој ќе предизвика значителна промена на времето. Ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд, а на повисоките места од дожд и снег. На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка (10 до 15см). Ќе дува засилен северен ветер (над 70км/ч.) и температурите значително ќе опаднат.
Во понеделник со засилен северен ветер наместа повремено ќе провејува слаб снег. Потоа времето ќе биде стабилно и ветровито со утринските температури кои насекаде ќе бидат негативни.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди

Времето денеска, променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има услови за развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, променливо облачно со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Во недела ќе има продор на студена воздушна маса од север, кој ќе предизвика значителна промена на времето.
Ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд, а на повисоките места од дожд и снег. На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка (10-15см).
Ќе дува засилен северен ветер (над 70км/ч) и температурите значително ќе опаднат. Во понеделник со засилен северен ветер наместа ќе провејува слаб снег. Потоа времето ќе биде стабилно и ветровито со утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни.