Македонија
Утре без вода делови на Чаир, Карпош и Кисела Вода

ЈП „Водовод и канализација“ информира дека за утре планирани се следниве интервенции:
– поради промена на затворач на улицата Св. Прохор Пчињски бр. 7, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Св. Прохор Пчињски и дел од улицата Самуилова. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до завршување со работните активности (општина Чаир);
– поради уличен дефект ф-100 мм на улицата Струма бр. 1, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците Струма, Огражден, Пелистерска, Радика, дел од булеварот Илинден и дел од „Карпошово востание“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до завршување со санација на дефектот (општина Карпош);
– поради промена на затворачи 2х100 мм и 1х 80мм на улицата Михаил Чаков бб (во близина на „Кам маркет“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците Михаил Чаков, Петар Делјан и Ѓорѓи Сугаре. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до завршување со работните активнисти (општина Кисела Вода);
– поради реконструкција на водоводна мрежа ф 150 мм на улицата Козле, раскрсница со улицата „Кораб“, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Козле, дел од „Јуриј Гагарин“, „Струшка“, „Мокра“ и „Кораб“ од 9 часот до завршување (општина Карпош).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на оваа седмица ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.
Македонија
Горан Минчев со граѓаните на Тетово: „Локалната промена почнува со Вас“

Генералниот секретар на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Горан Минчев, во рамки на кампањата „Заедно повеќе знаеме“, одржа средба со граѓаните, членовите и симпатизерите во Тетово.
Минчев порача дека Тетово заслужува транспарентно и ефикасно управување, развој на инфраструктурата и враќање на довербата во локалната власт.
„Граѓаните се нашите партнери – заедно ќе изградиме програма што одговара на вистинските потреби на Тетово. Време е општините да престанат да бидат партиски плен и конечно да почнат да работат за граѓаните“, изјави Минчев.
Тој истакна дека ЗНАМ нуди луѓе со знаење и интегритет, а не политички експерименти, и најави дека дијалогот со граѓаните ќе продолжи низ цела Македонија.
Македонија
Движењето ЗНАМ за наша Македонија од Куманово ја започнува кампањата „Заедно повеќе знаеме“

Вчера дел раководството на Движење ЗНАМ – За Наша Македонија на чело со претседателот на партијата, Максим Димитриевски, организациониот секретар Сашо Петрушевски, пратениците Даниел Стојчевски, Даниела Белимова и Миле Цеков, членовите на ИО Катерина Тодороска, Јасмин Циривири и Ивана Ѓорѓиевска остварија средба со сите членови и симпатизери од ОО на ЗНАМ-Куманово.
Темите на оваа средба се раководството на партијата директно да се запознае со проблемите на граѓаните, но и да се слушнат нивните предлози, сугестии и мислења, кои ќе послужат за креирање на програмата за претстојните локални избори.
Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија своите политики ги гради на транспарентен начин, демократски и во соработка со граѓаните. Во програмата на движењето ЗНАМ – За Наша Македонија за локалните избори главниот фокус ќе биде на решенија за подобар локален живот – урбанистички планови, инфраструктурни проекти и транспарентно управување со општинските буџети.