Контакт

Македонија

Утре без вода делови од Гази Баба

Објавено пред

Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, по добиеното известување од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, ги известува граѓаните дека утре (сабота), поради отстранување улични дефекти во водоводната мрежа во населбата Ченто од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, со намален притисок и можност за целосно прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од: ул. Методија Андонов Ченто, Финска, ул. 4, Радован Ковачевиќ, ул. 2 и ул. 6, додека со целосно прекинато водоснабдување ќе биде ул. Роман Каскалиевиќ (општина Гази Баба)

dobivaj vesti na viber


©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје

Објавено пред

Во официјална посета на Република Северна Македонија ќе присуствува Претседателката на Парламентот на Р. Албанија, г-ѓа Елиса Спиропали.

dobivaj vesti na viber

Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Град Скопје.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Прикажи повеќе...

Македонија

Герасимовски: Поставивме 720 фотоволтаични панели на покривот на ООУ „Киро Глигоров“

Објавено пред

Основното училиште „Киро Глигоров“ е вториот објект во Општина Центар кој доби фотоволтаични панели на покривот. На кровната површина се поставени 720 панели со максимална инсталирана моќност од 396,00 Kw (киловати) за производство на електрична енергија. Нивниот приклучок се очекува наскоро, а градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека целиот процес за набавка и инсталирање на фотоволтаичната централа е од општинскиот буџет и е во висина од 7.3 милиони денари.

dobivaj vesti na viber

 „Според истражувањата на пазарот, за реализирање на оваа инвестиција од општинскиот буџет првично планиравме 18 милиони денари, ама на Јавната аукција цената се симна на 7.3 милиони денари. Со поставувањето на оваа фотоволтаична централа ние очекуваме значително да се намалат вкупните трошоци за електрична енергија, што нам како локална самоуправа ќе ни овозможи да вложиме повеќе средства во одржување на високиот квалитет на услугите за образование на децата, потенцира Герасимовски.

 Минатата година Општина Центар по само неколку месеци од основањето на трговското друштво за производство и продажба на „Енергија Центар“ ја постави првата фотоволтаична централа на кровот на градинката „Пепелашка“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски во Њујорк: Злото од војна и конфликти мора да остане во минатото

Објавено пред

На маргините на 79-то Генерално собрание на Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски се обрати на Самитот на иднината на Интерактивниот дијалог на тема: „Зајакнување на мултилатерализмот за меѓународниот мир и безбедност“.

dobivaj vesti na viber

Во своето обраќање, министeрот Муцунски нагласи дека во денешно време се соочуваме со многу закани, вклучувајќи нови конфликти, тероризам, насилен екстремизам, ризици од нови технологии, кршење на човековите права и климатски промени. Тој истакна дека ниту една земја сама не може да се справи со овие предизвици и дека е неопходен ефикасен мултилатерализам за обезбедување на меѓународниот мир и безбедност.

„Самитот на иднината претставува можност за зајакнување на глобалното владеење и одговор на актуелните и идните предизвици. Пактот ни нуди траекторија за глобални акции и отвора пат за засилување на мултилатерализмот“, истакна министерот Муцунски во обраќањето.

Воедно, тој нагласи дека иднината треба да биде предвидлива, просперитетна и без страв, нагласувајќи дека злото од војна и конфликти мора да остане во минатото.

„Денес имаме уникатна шанса да ја зајакнеме нашата мултилатерална агенда и глобалните системи, прилагодувајќи ги на предизвиците со кои се соочуваме во областа на меѓународниот мир и безбедност. Утре веќе е наша сегашност“, додаде тој, истакнувајќи ја подготвеноста активно да учествуваме во напорите за зајакнување на мултилатерализмот.

На крајот, Муцунски ја подвлече потребата за промовирање на мултилатерални решенија засновани на Повелбата на ОН, почитувањето на човековите права, владеењето на правото и демократијата, како клучни дипломатски алатки.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија53 минути

Муцунски во Њујорк: Злото од војна и конфликти мора да остане во минатото

На маргините на 79-то Генерално собрание на Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк, министерот за надворешни работи и надворешна...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Лажната скромност на Пендаровски, рече дека не сака канцеларија за ден потоа експресно да побара

На 14 мај 2024 година од Кабинетот на Пендаровски изјавиле дека тој не сакал да користи канцеларија, туку повремено, но...

Спорт2 часа

Македонскиот шахист Тони Лазов олимписки вицешампион

Македонскиот интернационален мајстор Тони Лазов освои сребрен медал на втората табла на 45. Шаховска олимпијада што се одржа од 10...

Македонија2 часа

По назначувањето на новото раководство, значително е намален бројот на заостанати предмети, велат од Агенцијата за катастар на недвижностите

Значително е намален бројот на заостанати предмети во Агенцијата за катастар на недвижности. Во последните два месеци, бројот на заостанати...

Свет3 часа

Бајден: САД прават сè за да спречат избувнување поширок конфликт на Блискиот Исток

Американскиот претседател Џо Бајден денеска изрази загриженост за тензиите на Блискиот Исток поради стравувањата дека ескалацијата на нападите меѓу Хезболах...

Македонија5 часа

Земјотрес со јачина од 3,4 степени почувствуван во Скопје

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани во нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Топ20 часа

Пожар избувна во угостителски објект во центарот на Охрид

Пожар поладнево избувна во угостителски објект во центарот на Охрид, на Градски плоштад, а повредени лица нема. Пламенот избувна во...

Топ21 час

Улични кучиња искасаа граѓани во Аеродром и Карпош

Полицискиот билтен и денес бележи случаи на граѓани каснати од улични кучиња. Вчера во 18.00 часот во полициската станица Аеродром,...

Топ21 час

Едниот продавал, другиот купувал марихуана, двајцата добија кривични пријави

СВР Битола поднесе кривична пријава против  А.С.(25) и А.А.(20), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

Македонија22 часа

ВМРО-ДПМНЕ му порача на СДСМ дека платите растат и можат само да учат како се работи

„Со СДС Македонија ја престигнаа Албанија и БИХ во раст на БДП по глава на жител, а сега се работи...

Топ22 часа

Удрил во 73-годишен велосипедист, го оставил тешко повреден и побегнал

Вчера околу 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Македонско косовска бригада“ во Скопје, патничко возило удрило во...

Топ23 часа

Се запали фурна во неготинското село Криволак, нема повредени лица

Во ОВР – Неготино рано изутрина, во еден часот, пријавено било дека во неготинското село Криволак, настанал пожар во објект...

Македонија1 ден

Од денес започнува есента

Есента во земјава и на северната хемисфера почнува денеска во 14:43 часот. Во исто време на јужната полутопка на Земјата...

Македонија2 дена

Кавадарци му предаде 220 безбедносни камери на МВР и се вклучи во проектот „Безбеден град“

Со повеќе од 220 камери на територијата на градот кои денеска му беа предадени на Министерството за внатрешни работи, Кавадарци...

Европа2 дена

Вонредна состојба во Италија, поплавени се два региони

Италија прогласи вонредна состојба денеска за два поплавени региони на северот од земјата по неколкудневните поројни врнежи. Поројните врнежи предизвикаа...

Македонија2 дена

Премиерот Мицкоски вели дека во есенската кошница се производите кои се најкористени од граѓаните

Со есенската потрошувачка кошница се опфатени производи коишто се најкористени од страна на граѓаните, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во...

Македонија2 дена

Љупчо Николовски потрошил 16.000 евра за кафеани и ресторани, обвини Петрушевски

„Во изминативе денови презентиравме како Љупчо Дон Николовски се однесувал со народните пари, расфрлајќи државни средства за лични уживања, кога...

Европа2 дена

Украинската војска добива повеќе пари за борбата против рускиот напад

Украинската војска добива повеќе пари за борбата против рускиот напад според новиот закон потпишан од претседателот Володимир Зеленски, кој претходно...

Македонија2 дена

Уште два дена сонце, од вторник дожд и грмежи

Следните два дена времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во вторник и...

Македонија2 дена

Со нова мобилна апликација МВР ќе се бори против семејното насилство

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се обрати на промоција на мобилната апликација „Џастис РБН за родово базирано насилство“, која...