Македонија
Утре без струја делови на Аеродром, Центар, Ѓорче Петров и Карпош

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека утре се планирани следните технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа:
Во периодот од 08:30 до 12:30 часот корисниците од ул.Илија Димовски Гоче бр.11б, 13 а и б, ул.Кресна (АВРОРА) непарни броеви од 9 а до 19 а. (општина Аеродром)
Во периодот од 08:30 до 10:00 часот корисниците од ул.Димитар Пандилов, објектите осо број 1-10. (Општина Центар)
Во периодот од 09:00 до 10:30 часот корисниците од ул.Борис Сарафов раскрсница со ул.Зенполе . (Општина Ѓ.Петров)
Во периодот од 10:00 до 15:00 часот корисниците на дел од ул.Варшавска, Виенска,Нобелова и Мексичка. (Општина Карпош)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДУИ: Етничка дискриминација во распределбата на проекти, Стоилковиќ ги брише Албанците, молчењето е соучесништво

„Демократската унија за интеграција реагира со длабока огорченост на скандалозниот начин на кој средствата се распределуваат на граѓанските здруженија од страна на Министерството за односи меѓу заедниците, на чело со вицепремиерот Иван Стоилковиќ“, велат од ДУИ.
„Според податоците објавени од медиумите, резултатите се следниве: 29 проекти за македонски здруженија, 5 проекти за српски здруженија, 3 проекти за ромски здруженија и само 3 проекти за албански здруженија.
Ова не е само неурамнотежена распределба, туку е намерна дискриминаторска политика. Албанците, кои претставуваат една од најголемите и најактивните заедници во земјата, систематски се бришат од списокот на корисници, дури и во министерство кое е задолжено за одржување на меѓуетничката рамнотежа и правичната застапеност.
Иван Стоилковиќ, со своите добро познати антиалбански позиции и врски со кругови надвор од државниот интерес на Република Северна Македонија, ја користи институцијата за поттикнување на поделба, исклучување и пропаганда, наместо да гради доверба меѓу заедниците.
ДУИ бара итна институционална ревизија за овој скандал со изразена етничка содржина; политичка и институционална одговорност за Стоилковиќ.
Институциите на оваа држава не се основа за промовирање камуфлирана етнократија. ДУИ нема да молчи пред практиките што го поткопуваат духот на Охридскиот договор и сериозно го кршат правото на Албанците на еднаква застапеност“, се наведува во соопштението на ДУИ.
Македонија
(Видео) СДСМ: Врховизмот во начинот на владеење на Мицкоски е најголемото предавство

„Тоа што Мицкоски пробува да воспостави авторитарна диктатура во Македонија и тоа што на меѓународна сцена беше откриена таа негова намера не е „кодошење“ туку патриотизам“, вели портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
„ВМРО, НОБ и АСНОМ се генеза на борци против диктатура, авторитарни режими и врховисти. Да се биде авторитарен значи да се биде врховист, а никако патриот. Врховизмот во начинот на владеење на Мицкоски е најголемото предавство кое може еден Македонец да го направи. Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда. Тоа го чувствуваат и граѓаните“, одговори Кузеска на новинарско прашање.
Македонија
Муртезани: Проширувањето мора да се води според Копенхашките критериуми

Во рамките на денешната работна посета на министерката за европски прашања на Кралството Данска, Мари Бјере, во Министерството за европски прашања беше одржана заедничка прес-конференција со министерот за европски прашања, Орхан Муртезани.
Во своето обраќањеж министерот Муртезани се осврна на партнерството меѓу Северна Македонија и Данска како пример за заемна доверба и почит потенцирајќи дека подготвеноста за продлабочена соработка доаѓа во клучен момент за европската перспектива на регионот.
Тој ја поздрави одлуката политиката на проширување со ЕУ да биде дел од приоритетите на претстојното данско претседавање со Советот на ЕУ и ја истакна важноста Копенхашките критериуми да останат единствен темел врз кој се гради политиката на проширување.
„Особено ја цениме принципиелната определба на Данска дека проширувањето на Европската Унија мора да се води исклучиво според Копенхашките критериуми – објективни, мерливи и еднакви за сите. Во време кога процесот е изложен на притисоци и тенденции на билатерализација, токму овие критериуми се нашата заштита. Тие се потсетник дека европскиот пат не смее да се условува со прашања надвор од суштината на демократијата, владеењето на правото и функционалната пазарна економија. Веруваме дека под лидерството на една кредибилна земја членка, како што е Данска, ЕУ ќе може појасно да го артикулира својот ангажман кон регионот и да покаже дека процесот е не само жив, туку и остварлив“, рече Муртезани.
Министерот истакна дека Северна Македонија останува посветена на реформите и конструктивната улога во регионот, што е потврдено и со организацијата на самитот на лидерите од Западен Балкан за планот за раст, кој ќе се одржи во Скопје.
Муртезани рече дека нашата земја, и покрај сите предизвици, останува посветена на патот кон ЕУ.
„Планот за раст на Европската Унија го пречекавме како можност за нова етапа на интеграција, која веќе носи конкретни реформи и резултати. Фактот што Северна Македонија набргу ќе биде земја домаќин на самитот на лидерите од Западен Балкан претставува признание за нашата активна улога во обликувањето на европската агенда во регионот“, рече тој.