Македонија
Утре без струја делови на Карпош, Гази Баба и Сарај
Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија ќе останат следните корисници:
· 08:30 до 14:30 часот, корисниците од стопанските и нестопанските објекти во реонот на: Горно Нерези, Средно Нерези, дел од село Крушопек, Етно Село како и Жичарница и РТВ предавателите на Водно. (Општина Карпош)
· 09:00 до 11:00 часот, корисниците од ул. Скупи во делот околу бензиската пумпа – Топ Трејд и клучката за Бардовци. (Општина Карпош)
· 09:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Финска од бр. 181 до бр, 185 и од бр. 190 до бр. 222. (Општина Гази Баба)
· 09:00 до 14:00 часот, корисниците од село Шишево, дел од село Глумово, село Матка и ХЕЦ Матка. (Општина Сарај)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди
Променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во среда и четврток, кога на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Од среда ветерот ќе го промени правецот во северен.

