Македонија
Утре без струја делови на Карпош, Петровец, Сарај и Кисела Вода

Од „ЕВН Македонија“ АД информират дека утре заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат:
Во периодот од 09:00 до 13:00 часот корисниците од делови од улиците Корушка, Вангел Дину и Иван Цанкар. Општина Карпош)
Во периодот од 09:00 до 15:30 часот корисниците од ул. 4 во с. Долно Коњари. (Општина Петровец)
Во периодот од 09:30 до 12:30 часот корисниците од дел од с. Горна Матка. (Општина Сарај)
Во периодот од 08:30 до 11:00 часот корисниците од дел од ул. Малешевска. (Општина Кисела Вода)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Филипче: 585 милиони евра директно во џебот на граѓаните со нашата мерка за плати

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вчера го посети Кочани каде зборуваше за мерките кои СДСМ ги предлага за подобрување на животниот стандард. Тој истакна дека партијата има конкретен предлог за зголемување на платите во приватниот сектор, без тоа да претставува дополнителен финансиски товар за работодавачите.
„Даваме предлог да се зголеми платата во приватниот сектор, а притоа придонесите да се замрзнат за да тоа не биде терет на приватните работодавачи. И тоа се некаде 400.000 луѓе кои што треба да имаат зголемување според нашите пресметки помеѓу 3.000 и 15.000 денари. И ако земеме просек 7.500 денари зголемување на плата, вкупно тие 400.000 вработени во приватниот сектор годишно ќе добијат 585 милиони евра. 585 милиони евра директно во џебот на вработените годишно“.
Претседателот на СДСМ, Филипче истакна дека оваа мерка е од корист не само за работниците, туку и за државата.
„Каков ќар ќе има државата со оглед на тоа дека придонесите ќе бидат замрзнати? 10% од данокот на приход ќе донесе 58,5 милиони евра во буџетот. Ем луѓето повеќе приходи, ем нема да биде терет на работодавачи, ем ќар од тој дел на данокот за државата“.
Македонија
Засилени контроли за увозното овошје и зеленчукот за заштита од пестициди, најави АХВ

Заради обезбедување на поголема безбедност на храната и постигнување на високо ниво на заштита на здравјето на луѓето, во услови на интензивирање на трговијата со овошје и зеленчук, Агенцијата за храна и ветеринарство како што најавуваат, го зголемува интензитетот на контроли на пратките со овој вид на производи кои се увезуваат во земјава, од сите држави.
Засилените контроли ќе се реализираат со земање лабораториски мостри за испитување на резидуи ( остатоци) од пестициди, со акредитирани методи, од секоја пратка. Мострите ќе се земаат на инспекциските места при увоз, а пратките нема да се пуштаат во промет се до добивање на резултат со кој ќе се потврди безбедноста на производите.
„Поради добиен лабораториски наод позитивен на колиформни бактерии кај изворска минерална вода по потекло од Република Косово, спротивно на одредбите од Правилникот за посебните барања за безбедност на природна минерална вода, изворска вода и друга пакувана вода („Службен весник на РМ“ бр. 184/20218), под засилен инспекциски надзор ставен е и увозот на сите пратки со изворска минерална вода од оваа земја.
Под засилен инспекциски надзор во однос на микробиолошките критериуми за безбедност на храната се и пратките со безалкохолни пијалаци по потекло од Косово, каде во една пратка, со лабораториска анализа утврдено е присуство на аеробни бактерии.
За секоја од наредните пратки со изворска вода и безалкохолни пијалаци по потекло од Косово, ќе се земаат лабораториски мостри за испитување на микроорганизми согласно Правилникот за посебните барања кои се однесуваат на микробиолошките критериуми за храната“, информираат од агенцијата.
Македонија
„Трендафилов се однесува како портпарол на СДС, им враќа ли за претседателското место во ССМ“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Слободан Трендафилов се однесува како портпарол на СДС, им враќа ли за претседателското место во ССМ? Подолг период наназад претседателот на ССМ делува во целост усогласено со партиските соопштенија на СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Тоа што СДС ќе го пласира како политичка теза, Слободан Трендафилов го презема како синдикално делување.
Барањата на ССМ се барања направени во СДС.
Усогласената политика помеѓу СДС и ССМ има некои подлабоки корени, а за тоа кои се тие, ќе откриеме на денешната пресконференција“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.