Македонија
Утре без струја делови на Кисела Вода, Сарај, Гази Баба и Ѓорче Петров
Од ЕВН Македонија АД информираат дека утре без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 8:30 до 15:30 часот, корисниците од ул. Невена Георгиева Дуња и ул. 368 во населба Кисела Вода (општина Кисела Вода)
– во периодот од 8:45 до 13:00 часот, дел од корисниците од село Глумово (општина Сарај)
– во периодот од 9:00 до 11:30 часот, корисниците од ул. Јурумлери, како и корисниците од улиците бр. 6, 7, 8, 10, 13, 14 и 15 во населба Јурумлери (општина Гази Баба)
– во периодот од 9:.00 до 14:30 часот, корисниците од ул. 5, ул. Првомајска и ул. 32, како и корисниците лоцирани над училиштето за деца со посебни потреби во село Усје (општина Кисела Вода)
– во периодот од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците од село Орман (општина Ѓорче Петров)
– во периодот од 11:00 до 14:15 часот, корисниците од ул. 100 и ул. 101, како и корисниците од споредните улички кај КАМ Маркет во населба Новоселски Пат (општина Ѓорче Петров)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со слаби локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините врнежи од слаб снег. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со појава на магла. Во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.
Македонија
Посебен режим на сообраќај во Скопје за празникот Водици
На 19.01.2026 (понеделник) Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во Скопје.
Во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул. „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со бул. „Гоце Делчев“ до крстосницата со ул. „11 Октомври“ во двете насоки.
Во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“, ул.„Ѓорче Петров“ до ул.„Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, ул.„Козле“, дел од ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар. Во општина Аеродром за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон Горно и Долно Лисиче.
СВР Скопје апелира со сите учесници во сообраќајот да ги прочитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Утре локални врнежи од дожд, на планините снег
Утре на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. По одредени котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 5 степени.
За време на викендот на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места од снег.
Во поденелник и вторник има преодно стабилизирање на времето, а од среда повторно ќе има врнежи претежно од снег. Од утре до крајот на неделата има услови за појава на магла по одредени котлини. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.

