Македонија
Утре без струја повеќе делови на Скопје
Од ЕВН Македонија АД информираат дека утре без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 8:00 до 11:30 часот корисниците од ул. Јордан Хаџи Костатинов-Џинот (опш. Центар).
– во периодот од 8:30 до 9:30 часот корисниците од станбениот комплекс „Парк резиденс“, во градски парк (опш. Центар).
– во период од 8:30 до 14:30 часот корисниците од ул.Томе Арсовски, делот позади Кинеската амбасада (опш. Кисел Вода).
– во период од 9:00 до 11:00 часот корисниците од с. Волково ул95 и улиците од соседството (опш. Ѓорче Петров).
– во период од 9:00 до 13:00 часот корисниците од с. Јурумлери ул. 10 (опш. Гази Баба).
– во период од 9:00 до 15:00 часот корисниците од с. Батинци улиците 1, 4 и 6 (опш. Студеничани).
– во период од 9:10 до 12:00 часот корисниците од селата: Патишка Река, Елово, Црн Врв, Малчиште, Осинчани, Јаболци, Нова Брезница, Ловиштето „Јасен“, и ХПП Хидро во село Патишка Река (опш. Сопиште).
– во период од 10:00 до 12:00 часот корисниците од селата: Мирковци, Љубанци, Кучевиште, Побожје, Бродец, Малино, Брест и Танушевци (опш. Чучер Сандево).
– во период од 11:00 до 14:30 часот корисниците од ул. Варшавска бр.38 и соседните броеви (опш. Карпош).
– во период од 12:00 до 14:30 часот корисниците од ул. Ристо Шишков бр.31 (опш. Центар).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Минусни температури низ целата земја, на Попова Шапка измерени -16 степени
Утрово најстудено било на Попова Шапка кадешто се измерени -16 степени целзиусови, -14 било во Mаврови Анови, -13 во Kрушево, -12 во Пожаране, -11 во Крива Паланка, -10 Ѓуриште, Берово, -9 Тополчани, Битола, Прилеп, Охрид, -8 Виница, Претор, Тетово, Струмица, -7 Скопје-Петровец, -6 Штип, Демир Капија, -5 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Кавадарци, Велес, -1 Гевгелија.
Висината на снежната покривка измерена во седум часот утрово изнесува 26 сантиметри на Попова Шапка, 15 Крушево, 5 Ѓуриште, 2 Тетово и Берово.
Времето денеска
Променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3 степени.
Во Скопје, претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен, а претпладне во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 1 степен.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.

