Македонија
Утре без струја повеќе делови на Скопје
 
																								
												
												
											Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека утре се планирани следните технички зафати во дистрибутивната електроенергетска мрежа во град Скопје и без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 8.30 до 14.30 часот корисниците од селата: Раовиќ, Паничари, Семениште, Арнакија, Буковиќ, Ласкарци, Чајлане, како и објектите на „Млин Самас“, „Ас оил“, објектите на езерото Треска, наплатната рампа „Арнакија“, „Виа комерц“, „Мобимак Раовиќ“ (општина Сарај);
– во периодот од 11.30 до 14.30 часот корисниците од улиците: 24, 29, 31, 33 и 35 (општина Сопиште);
– во периодот од 9 до 15 часот корисниците на дел од улицата Будимпештанска, улицата Урош Џудовиќ, улицата Хелсинки, дел од улицата Бањалучка, улицата Љубица Георгиева, улицата Московска, дел од улицата Хашка, улицата Јоаким Осоговски, улицата Осло, улицата Женевска (општина Карпош);
– во периодот од 9 до 12 часот корисниците од булеварот 3. Македонска бригада подулица бр. 1, (општина Аеродром);
– во периодот од 12 до 14.30 часот корисниците од улицата Питу Гули бр. 36, 38, 40 и 42. (општина Центар);
– во периодот од 12 до 15 часот корисниците на дел од улицата 3 во с. Визбегово (општина Бутел);
– во периодот од 9 до 11.3о часот корисниците на дел од улицата Христо Татарчев бр. 5, 91 б, 99 и 101 (општина Кисела Вода).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Македонија
Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја
 
														Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот корисниците од бул. Борис Трајковски бр.1 (Пеглата) влез 2 (општина Кисела Вода)
– во периодот од 09.00 до 10.00 часот корисниците од Новоселски Пат, како и објектите на Стокомак, КАМ Маркет, бензинската пумпа ОКТА и објектите во нивна близина. (општина Ѓорче Петров)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. Леринска, лоцирани во околината на бр. 3. (општина Карпош)
Македонија
Без вода дел од Чаир
 
														Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на приклучна цевка од ф – 150 мм на раскрсница меѓу улиците Челопек и бр. 157 без вода ќе останат корисниците од улиците Челопек и бр. 157, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Македонија
Претежно облачно со краткотрајни сончеви периоди
 
														Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно со краткотрајни сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 17 до 20 степени.
Во Скопје, утрото постудено, во делови од котлината магливо. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Времето во наредните денови
За време на викендот времето ќе биде стабилно и суво, а во утринските часови ќе има појава на магла во одредени котлини. Во понеделник кон крајот на денот, најпрвин во западните делови, а во вторник и среда насекаде ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни.


 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											