Македонија
Утре без струја повеќе делови на Скопје

Од ЕВН Македонија АД информираат дека утре се планирани следните технички зафати во електроенергетскиот систем во Градот Скопје и без електрична енергија ќе останат:
во периодот од 9:00-12:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од ул.Блажо Биринчето, ул.Франц Розман, ул.Петар Шаулев, ул.Франц Месеснел (општина Карпош)
во периодот од 12:10:14:00 часот корисниците на дел од ул.Лука Геров бр.13 и бр.15 и околните згради (Општина Ѓ.Петров)
во периодот од 08:45-11:00 часот дел од ул.Лука Геров од бр.33-43, непарните броеви и околните згради (општина Ѓ.Петров)
во периодот од 8:30-14:00 часот корисницте на дел од с.Морани (посл каналот пат за Зелениково (општина Студеничани)
во периодот од 9:00-15:00 часот корисниците од ул.Леринска, ул.Стрезово и дел од ул.Козле (општина Карпош)
во периодот од 10:00-11:00 часот корисниците на дел од ул.Тодор Чангов подулица бр.52. (Општина Аеродром)
во периодот од 9:00-10:00 часот корисниците на дел од с.Орешани ул.7 (општина Зелениково)
во периодот од 11:30-14:00 часот корисниците од селата:Чифлик, Дивље, Живиње, Сушица, Средно, Долно и Горно Коњари (општина Петровец)
во периодот од 8:30-15:00 часот корисниците од ул.Ѓорѓи Поп Христов, ул.Благоја Паровиќ, ул.Никола Малешевски, ул.Роналд Реган (општина Чаир)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Во Кочани нема да има концерт за Петровден, Крстевски го откажа на барање на родителите на загинатите деца во „Пулс“

Откажан е музичко забавниот дел од програмата за одбележување на Петровден, празникот на градот Кочани. Ваква одлука вчера донесе в.д. градоначалникот, Венко Крстевски, откако родителите на загинатите во трагедијата од 16 март годинава се собраа пред сцената во Паркот на Револуција, каде требаше да запчне концерт со настап на повеќе бендови. Тие поставија фотографии на своите деца и запалија свеќи.
Животот продолжува, но трагедијата во дискотеката „Пулс“ нè остави во заложништво на болката, особено за родителите кои живеат со страв и загуба. Откажувањето на музичкиот дел од денешниот и утрешниот настан не требаше да се случи – не затоа што не ја почитуваме тагата, туку затоа што нашата обврска е да се грижиме за сите, да го вратиме нормалното секојдневие и да покажеме дека заедништвото се гради со храброст и заедничка работа, а не со запирање на животот, стои во соопштението на в.д. градоначалникот Крстевски.
Претходно, родителите на загинатите во дискотеката „Пулс“ во пресрет на Петровден писмено се обратија до него со барање да се одложи музичко-забавниот дел од програмата.
Македонија
Гужви на Богородица за влез во Грција

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На ГП Табановце за влез во државата и ГП Богородица за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 15-20 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Македонија
Денес сонце и температури до 36 степени

Сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.
Во Скопје, сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност.