Македонија
Утре облачно и студено со врнежи од дожд, на планините снег

Утре се очекува облачно и студено време со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни (над 20 л/м2) проследени со засилен северен ветер. На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка од 10 до 15 см. Врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, поинтензивни околу пладне и попладне, проследени со засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 7 степени.
Во следните денови , според најавите од УХМР, ќе преовладува променливо облачно време со локална појава на краткотраен дожд, а дневните температури ќе бидат во пораст.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Родителите на загинатите деца во „Пулс“ прашуваат до каде е постапката за полициските службеници за пожарот

Родителите на загинатите деца во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на денешниот 16. Марш на ангелите пред зградата на Полициската станица во Кочани побараа одговор од ОЈО ГОК, кое ја води постапка за над 20 те полициски службеници од ОВР Кочани и СВР-Штип, до каде е истрагата за нив и формирање на обвинителен предлог.
-Сакаме да ги прашаме до каде е постапката на ОЈО ГОК или чекат одмори, да си одведат нивните деца на одмор, на вода, а ние на нашите деца врз гробовите да им фрламе вода за да ги освежеме. Блазе си им, нека им служи на чест, оти развлекуваат само, вели мајка на загинато момче.
На денешниот Марш на ангелите главната порака им беше „Слушнето го гласот на оние што повеќе не можат да зборуваат“. Родителите и семејствата на загинатите деца што учествуваа на протестниот марш се револтирани што нивниот настан денеска имаше убедливо најслаб одѕив. Револтирано им се „заблагодарија“ на поддршката на граѓаните и семејствата кои имаат настрадано деца, а денеска не учествуваа на маршот кој почна во 18.05 часот од Паркот на револуцијата, а заврши пред зградата на Судот и Обвинителството во Кочани.
Една од мајките пред зградата на Општина Кочани истакна дека на денешен ден се случи катастрофалниот земјотрес во Скопје, кој однесе голем број на човечки животи и направи материјални штета. Посочи дека на денешниот Марш на ангелите им одаваат почит на загинатите во земјотресот во Скопје во 1963 година, но истовреме се сеќаваат и на оние кои помогнале да се обнови градот Скопје.
Македонија
МВР во Охрид покажа вежба на спасување на вода и евакуација на патници од опожарен пловен објект

Со показна вежба на спасување на вода и евакуација на патници од опожарен пловен објект, како и со презентација на дел од опремата, возилата и другите материјално технички средства што ги користат полициските службеници при извршувањето на секојдневните задачи, попладнево во Охрид беше реализирана активноста на МВР насловена „До Вас, за Вас“.
Активноста е осмислена со цел приближување на полицијата до граѓаните, во рамки на концептот „Комјунити полисинг- Работа во заедницата“, подигнување на јавната свест за зголемена јавната безбедност во заедницата, спроведување едукативни и интерактивни активности со граѓаните поврзани со превенција и сузбивање на разните форми на криминал…
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој ги следеше активностите истакна дека со полициските службеници од повеќе оддели во рамки на МВР се презентираат активностите што ги преземаат, средствата што ги користи службата, начинот на спроведување на полициските активности и сите дејствија што се преземаат во рамки на редовното полициско работење.
– Еден од поводите за посетата на Охрид денеска е и заедничката соработка што ја имаме со српските полициски службеници во Охрид. Имаме четворица колеги од Србија кои во летниот период се заедно со нашите полицајци патролираат, си помагаат во рамки на сите дејствија што треба да бидат преземени, а се во делот на српските туристи. Ова е една убава прилика да поразговараме со нив за тоа како ги обавуваат нивните службени задачи тука, рече Тошковски.
Тој уште додаде дека македонската полиција е тука за граѓаните, да им обезбеди мирен престој во туристичките центри.
– Безбедносната сеостојба во Охрид е стабилна, а туристите можат да уживаат во преубавите туристички центри…Во рамки на летната сезона СВР – Охрид е потпомогната со полициски службеници од други центри. Така што и оваа година ќе бидеме подготвени да ги преземени сите дејствија и да одговориме на сите предизвици, рече тој.
Македонија
Шукова и Мојсова на пазарот во Тафталиџе: Ги слушнавме од прва рака проблемите на пазарџиите

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денес го посети пазарот во Тафталиџе заедно со Маја Мојосова, кандидатка за градоначалничка на општина Карпош.
„Денес бевме на пазарот во Тафталиџе заедно со Маја Мојосова, нашата кандидатка за Карпош. Ги слушнавме од прва рака проблемите на пазарџиите,“ изјави Шукова.
Таа посочи дека условите за работа се лоши, особено при екстремно високи температури.
„На вакви пеколни температури тешко се седи цел ден на тезга, немаат услови, но мораат да бидат таму. Работат напорно, чесно, и заслужуваат подобри услови за работа.“
Клучното барање кое било истакнато од страна на продавачите е јасно:
„Најчестото барање што го слушнавме беше едноставно – затворен пазар со нормални услови за работа.“
Во таа насока, Шукова истакна дека решението е веќе дел од нејзината програма.
„Во мојата програма имам конкретни проекти за затворање и модернизација на градските пазари. Пазарите ќе бидат живи, безбедни и функционални простори и за продавачите и за купувачите.“ – изјави Шукова.