Македонија
Утре променливо облачно со сончеви периоди
Во текот на утрешниот ден времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди почести во источните делови. Во текот на денот облачноста ќе се зголемува и кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд, информира УХМР.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степена.
Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Од УХМР најавуваат дека уште утре утринските температури на места ќе се спуштат до нула степени, а дневните и понатаму ќе бидат во пораст.
Од утре кон крајот на денот до сабота, под влијание на нов влажен бран, ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и во тој период дневните температури ќе бидат за неколку степени пониски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Јамалов: Буџетот за 2026 година е буџет на развој, солидарност и со јасна насока кон европскиот економски модел на развој
На денешната седница во Собранието, се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јамалов кој истакна дека Буџетот за 2026 година не е само бројка туку одраз на визија, стратегија и одговорност кон граѓаните и идните генерации и напомена дека истиот е насочен кон стабилност, раст и развој. Јамалов посочи дека целта на Буџетот за 2026 година е да се задржи стабилноста на јавните финансии, да се забрза економскиот раст и да се подобри животниот стандард на граѓаните на Македонија.
„Со реален раст на БДП од над 3,8%, со намалување на инфлацијата и одржливо ниво на јавен долг, државата покажува дека води стабилна и одговорна фискална политика. Особено важно е што капиталните инвестиции понатаму остануваат еден од најсилните столбови на овој Буџет. Се инвестира во модерни патишта, железничка инфраструктура, енергетска ефикасност и регионален развој“, појасни Јамалов.
Според него ваквите проекти не се само бројки на хартија туку истите значат подобра поврзаност, нови работни места и посилна економија, а секоја денарска алокација има конкретна цел која е насочена кон создавање на вредност и поттикнување на продуктивноста на стопанството.
„Буџетот е и Буџет на граѓанинот, во него се предвидени средства за подобро здравство, квалитетно образование, поддршка за младите и за зголемена социјална сигурност. Просечната плата расте, а новите мерки за поддршка на бизнис секторот и иновациите отвараат можност за вработување и поголема конкурентност на македонската економија“, вели Јамалов.
Пратеникот Јамалов укажа дека во Буџетот за 2026 година посебно внимание е посветено на земјоделството, локалниот развој и рамномерната распределба на средствата, со што секоја општина и секој регион ќе имаат можност да учествуваат и придонесуваат во заедничкиот развој на државата.
Заклучи дека вака концепираниот Буџет за 2026 година уште еднаш ја потврдува определбата на Владата за фискална дисциплина, отчетност и транспарентност, стабилни јавни финансии и јасна насока кон европскиот економски модел на развој.
Македонија
Утре без струја делови од Општина Бутел
ЕВН Македонија АД известува дека утре ( среда ) без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница бул. Македонско-Косовска Бригада со бул. Босна и Херцеговина. ( Општина Бутел)
Македонија
Делови од Сарај утре без вода за пиење
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека утре ( среда ) поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и с. Сарај. (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во нас. Ѓорче Петров.

