Македонија
Утре се одржува најголемата светска еколошка акција – Часот на планетата Земја
Часот на планетата Земја, најголемата светска еколошка акција, ќе обедини милиони луѓе ширум светот во момент на солидарност за луѓето и за планетата Земја. Одржувајќи се во особено клучен момент во човечката историја, овогодишната акција ги повикува луѓето од целиот свет да се обединат во момент на размислување за нашиот однос едни со други, но и за нашиот единствен дом – планетата Земја.
Од Сиднејската опера каде што Часот на планетата Земја започна во 2007 година, преку споменикот на Христос Спасителот во Бразил, Колосеумот во Италија и Емпајер стејт билдинг во Америка – повеќе атрактивни светски локации ќе потонат во симболичен едночасовен мрак испраќајќи порака за посигурна, позелена и почиста иднина за нас и за идните генерации.
„Часот на планетата Земја 2022 го повикува светот да се обедини во момент на солидарност за луѓето и планетата. Знаеме дека покрај многуте предизвици со кои се соочуваме, особено во овие невидени времиња, 2022 година останува да биде критична година за планетата, нашиот заеднички дом. Оваа година светот ќе се собере за да се направи нов климатски договор и ова претставува можност еднаш во една деценија лидерите да се договорат за планот за враќање на загубата на природата до 2030 година и изградба на позитивна иднина за природата“, изјави Марко Ламбертини, генерален директор на Светскиот фонд за природа – WWF.
Оваа година одбележувањето на Часот на планетата Земја се случува во навистина тешки и предизвикувачки времиња за човештвото. Навистина сме тажни и загрижени поради конфликтот во Украина, и нашите мисли се со народот на Украина и со сите оние кои се засегнати од тековната ситуација.
Сметаме дека сега не е моментот климатските промени да бидат ставени во фокусот, па поради тоа локалната канцеларија на Часот на планетата Земја во Македонија се придружи кон одлуката на голем број земји ширум регионот, Европа и светот, оваа година во знак на поддршка и солидарност на тековната
„Знаеме дека за да изградиме иднина во хармонија со природата ни треба и мир меѓу луѓето. Затоа, овогодишниот Час на планетата Земја нуди момент на солидарност со сите народи кои страдаат од војни и конфликти ширум светот; шанса за нашата глобална заедница да го изрази она што им е важно, заеднички да преземеме позитивни активности и да повикаме на свет каде што луѓето и планетата ќе можат да напредуваат заедно“ – вели Ѓорги Селков, претседател на локалната канцеларија на Часот на планетата Земја во Македонија.
Часот на планетата Земја отсекогаш имал славенички тон и ги повикувал луѓето да учествуваат во обедување за спас на природата и планетата Земја. Оваа година, како одговор на конфликтите во Украина, нашиот тон е сочувствителен, обединувајќи се во глобална солидарност.
„Важно е да се нагласи дека законите на природата се нарушуваат и кога ја уништуваме природата, но и кога ги уништуваме луѓето. Нашето мото е – природата и луѓето“, потенцира Селков.
Инаку, својата поддршка кон акцијата ја најавија повеќе од 190 земји ширум светот, меѓу кои и Македонија.
Часот на планетата Земја ќе се одржи оваа сабота, на 26 март, кога во 20:30 часот по локално време милиони луѓе ширум светот симболично ќе го исклучат осветлувањето во период од еден час во момент на солидарност за луѓето и планетата Земја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Тим на ВМРО-ДПМНЕ се сретна со поранешни амбасадори, презентирана платформа 1198 и побарана поддршка
Тим на ВМРО-ДПМНЕ предводен од Тимчо Муцунски се сретна со поранешни амбасадори, пришто беше презентирана платформата 1198 и побарана поддршка.
Пратеничката Иванка Василевска член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, соопшти дека таа, Муцунски, меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и заменик министер за информатичко општество и администрација Стефан Андоновски и меѓународниот секретар на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Тодор Конески се сретнале со поранешните амбасадори и конзули Н.Е. Василка Треневска, Томи Димитровски, Веле Трпевски, Оливер Шамбевски и Драган Ѓурковски.
„Во разговорот им ја претставивме нашата визија преточена во #платформа1198 и побаравме поддршка за следните активности на полето на дипломатијата и меѓународните односи.
Помеѓу другото се заложивме дека клучна стратегиска цел на идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ е Македонија да биде полноправна членка на Европската Унија. Исто така, заклучивме дека нашите надворешно-политички приоритети треба да се засноваат врз принципите на рамноправност, заемна доверба, солидарност, дијалог, меѓусебно почитување и реципроцитет. Нашиот интерес е да градиме национално единство по клучните прашања“, објави Василевска.
Македонија
Буневски од ЗНАМ: Производството на сопствена храна, вода и енергија е приоритет
Денеска беше промовиран дел од Програмата за земјоделство и производство на храна од Прогласот за достоинствена Македонија на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија.
За мерките пред новинарите зборуваше професорот Ѓоко Буневски, кој рече дека Македонија е традиционално аграрна земја, со учество на земјоделството во бруто-домашниот производ од околу 10 проценти, односно, заедно со преработувачката индустрија 12-15 проценти и е на третото место, после индустрискиот сектор и услугите.
„Во Движењето ЗНАМ – За наша Македонија имаме преку 40 предлог мерки за подобрување на секторот производство на храна, но тука ќе ги истакнеме само поважните: – Воведување забрана за пренамена на земјоделско земјиште од прва. до трета категорија за друга намена, освен за производство на храна. – Приоритетно доделување земјоделско земјиште на локалните фармери, а не на странски инвеститори. Локалните фармери мора да имаат приоритет при доделувањето земјоделско земјиште. – Форсирање на синџирот “од нива до трпеза”. – Субвенционирање по предадени земјоделските култури по загарантирана откупна цена“, рече Буневски.
Тој додаде дека сме сведоци на состојбата каде земјоделските производи се откупуваат од земјоделците и под нивната производна цена, што го прави производството на храна непрофитабилно и неконкурентно.
„Токму затоа, рече тој, – сметаме дека е многу важно за развојот на оваа гранка да се обезбеди откуп по загарантирани цени“.
Буневски потенцира дека покрај овие мерки, Движењето ЗНАМ ќе се заложи да се зголемат субвенциите во земјоделството барем на ниво на соседните земји, а буџетот од сегашните 160-180 милиони евра да се реорганизира и да се воведат нови мерки за субвенционирање. Исто така, тој рече дека ќе предложат мерки за да се намали, па дури и запре напуштањето на селото и земјоделството, особено со поголеми стимулирања на млади фармери, на жените фармери, како и поголеми погодности за отворање бизнис во овие средини. Како што рече Буневски, ќе се обрне големо внимание на мерките за подобрувањње на квалитетот на храната, а ќе се подобри и степенот на советодавни услуги за земјодлеците, а особено за современите технологии и иновации во секторот, Професор Буневски потенцира дека многу важен сегмент е брендирањето на традиционалните производи и производи со познато географско потекло и рече дека во момментот 160 производи чекаат и стојат во фиока.
Како мерка која треба да се воведе, е и заштитата на генетските ресурси во растителното и сточарското производство. Исто така за да може да се подобри севкупната ситуација во овој сектор Буневски рече дека ЗНАМ ќе воведе стипендирање на деца од земјоделски земејства на земјоделските школи и факултети. „Земјоделството бара долгогодишна стратегија, а не брзи политички инстант решенија, која политичка партија доаѓа на власт, како од неа да почнува се. Производство на своја храна, вода и енергија е приоритет на секоја земја. Затоа сметаме дека е неопходно да дадеме максимум за земјоделството, максимум за Македонија“, рече Буневски
Македонија
Мицкоски: Потребна е масовна излезност на 8 мај за да ги пратиме во опозиција ДУИ кои ја ограбуваат и ја ставаат Македонија на колена
Овој резултат од 24 април е и одговорност. Се што зборуваме треба и да примениме. Народот очекува и убеден сум дека во овие нешто повеќе од 10 дена народот ќе се приклучи, народот е обединет и сака промени и брзи резултати, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Росоман.
Мицкоски информираше дека како коалиција внимателно е пристапено во креирање на програмата.
„Внимаваме што ќе ветуваме, не сакаме да ветуваме нешто што не може да се реализира, не сакаме народот да ја губи надежта. Си дадовме збор дека програмата ќе ја ревидираме за две години. Нема скандал за повеќе од две години во работата на градоначалниците. Затоа можам да кажам дека поучени од ова искуство имајќи во предвид дека најголем дел од проектите се веќе реализирани одлучивме по две години да направиме ревизија и на оваа програма. Сметаме дека можеме повеќе, ама не сакаме да ве разочараме“, кажа Мицкоски.
Мицкоски порача дека сега треба максимална мобилизација бидејќи како што рече „нема да остават да биде едноставно, мора да добиеме мнозинство во парламентот, да имаме наш претседател и заедно со градоначалниците да направиме трансформација на Македонија“, изјави Мицкоски.
Според него за ова треба масовност.
„Има центри на моќ кои не сакаат да ја видат успешна Македонија, имаме такви и тие беа клучен фактор до сега беа и во Владата, и тука мислам на ДУИ и Али Ахмети, тој сака да ја види осиромашена Македонија и слично. Тие не сакаат да ја видат успешна Македонија“, рече Мицкоски.
Мицкоски укажа дека овие избори се шанса криминалците да ги пратиме во опозиција.
„И ова го зборам само поради криминалот, не го зборам за ДУИ затоа што се Албанци, не, туку поради криминалот. Јас ја повикав опозицијата кај Албанците да се бориме заедно. Јас се борам против ДУИ кои ја ограбуваат и на колена ја ставаат Македонија“, заклучи Мицкоски.