Македонија
(Видео) Утре ќе се комплетира реконструкцијата на Владата
Премиерот Заев најави дека во текот на утрешниот ден ќе ги комплетира документите за реконструкција на Владата и рече дека се надева оти смените на министерските места ќе се извршат наскоро.
Заев очекува до крајот на месецот Собранието да ги изгласа новите кадри.
– Логично е предлозите за реконструкција на Владата да ги доставам утре, затоа што не знаев каква ќе биде судската пресуда. Имињата се утврдени, утре наутро ќе ги собереме сите документи за министерските и местата на замениците, и ќе ги процесуираме до Собранието, за до крајот на месецот да се стават на дневен ред и да ја докомплетираме владата, рече Заев.
Инаку, според последните информации, за најавената реконструкција во Владата, владејачките партии СДСМ и ДУИ ќе ги заменат министерствата коишто се под нивно раководство – почнувајќи од министерствата за правда и за образование. Па така, досегашната министерка за образование, Рената Дескоска, се очекува да биде прв човек на Министерството за правда. Ресорот образование, пак, оди во рацете на партијата на Али Ахмети. За оваа позиција се подготвува досегашниот заменик-министер Арбр Адеми.
Истовремено се пополнуваат и договорените министерски места за другите партнери во власта. Движењето Беса за министер за култура го предложи кандидатот за градоначалник на Гостивар, Асаф Адеми , а ДПА објави дека за министер без ресор задолжен за странски инвестиции ќе биде предложен Бардул Дауити, додека за заменик-министер во Министерството за транспорт и врски, Мусадик Беќири.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

