Македонија
Утре ќе се одлучува за работата на рестораните и за полицискиот час

Комисијата за заразни болести утре ќе разговара за тоа кога ќе се отворат угостителските објекти во државата, откако, најавата за нивно отворање во текот на оваа недела е одложено. Министерот Венко Филипче, посочува дека собирањето на повеќе луѓе без дистанца паѓа во очи, бидејќи на таков начин државата нема да може да се избори со коронавирусот.
„Добар дел од угостителските објекти и сега можат да работат на т.н. шалтерски систем, но собирањето паѓа во очи во смисла на тоа што, голем дел граѓани не ги почитуваат мерките. Кажав на почетокот, без тоа нема да можеме да успееме. Тоа е мерка донесена со попуштање на рестрикцијата на движење. И Шпанија донела одлука за задолжително носење маски за превенција. Тоа е новата реалност и мора да се почитува. Новите случаи се семејни настани од Скопје и Тетово. Не смее да има големи масовни собири, секогаш кога има присутни луѓе, внатре мора да се носат маски, како и надвор кога нема дистанца“, нагласи Филипче.
Во текот на утрешниот состанок, Комисијата за заразни болести, ќе расправа и за траењето на полицискиот час за време на викендот и празниците во понеделник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска делови од Бутел и Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.20 до 12.30 часот, дел од корисниците од ул. 1 во населба Радишани. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Горно Лисиче лоцирани на потегот од Маг Комерц, А-М Стил, Феромонт Инжинеринг кон село Долно Лисиче. (општина Аеродром)
Македонија
Дел од Аеродром денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремен локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд и студени утра. Ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен ветер од северозападен правец. Потоа следи период на стабилно и суво со постепен пораст на дневната температура.