Македонија
Утрово, најладно во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
Утрово најладно било во Берово каде што се измерени -4 степени, -3 било во Битола, -2 се измерени во Тетово, Скопје-Петровец, Маврови Анови и Демир Капија, -1 во Велес, Прилеп, Струмица и Дебар, 0 во Охрид, Крива Паланка, Штип, Куманово, Кавадарци и Скопје-Зајчев Рид, 1 во Претор, 2 во Виница и Попова Шапка, 4 во Крушево, 6 во Гевгелија.
Висината на снежната покривка во 7 часот утрово била 34 сантиметри на Попова Шапка и 26 во Маврови Анови.
Времето во текот на ноќта и утрово
Во текот на ноќта по котлините се создаде магла и ниска облачност, а во останатите делови од земјата беше ведро и претежно тивко.
Времето денеска
Наутро ќе има појава на магла по котлините, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност поголема попладне. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Максималната температура ќе достигне од 8 до 17 степени.
Во Скопје наутро со појава на магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност која ќе се зголеми од пладневните часови и ќе биде претежно тивко. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

