Македонија
Учениците од „Јосип Броз – Тито“ се вратија на настава, лажна била и денешната дојава за бомба
Гимназијата „Јосип Броз – Тито“ ја продолжи наставата, која беше прекината во текот на првиот час по дојава за бомба. Полицијата направи проверки и дозволи учениците што чекаа на улицата спроти училиштето да се вратат на настава.
Утрово, МВР извести дека закани за бомби пријавиле вкупно 15 училишта. Во сите се прават проверки.
„Денеска, околу 8.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на електронските адреси на 15 училишта во Скопје упатена е закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници преземени се мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, соопшти МВР.
Закани за бомби училиштата добиваат веќе трет месец, а од минатата недела дојави почнаа да добиваат и други институции, згради и трговски центри.
Вчера, премиерот Димитар Ковачевски изјави дека речиси е невозможно да се открие од каде доаѓаат дојавите за бомби.
Тој и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во повеќе наврати досега изјавија дека бомбите се дел од хибридни напади, кои имаат цел да се вознемири земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

