Македонија
(Видео) Учесниците на Парадата на гордоста ќе бидат безбедни, гарантира МВР
Организаторите на првата парада на гордоста која треба да се случи идниот викенд во Скопје, заедно со портпаролот на МВР, изјавија дека за безбедноста на учесниците полицијата ќе биде максимално ангажирана.
„МВР ги презема сите мерки за да го гарантира јавниот ред и мир. Каков било обид за насилство ќе биде најстрого санкциониран“, кажа на прес-конференцијата, портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.
Кочо Андоновски од „Скопје прајд“, рече дека очекуваат меѓу 200 и 500 учесници на парадата, што е одлична бројка за настан кој се одржува првпат кај нас. Настанот ќе почне во „Жена борец”, а ќе заврши во школката кај Градскиот парк, каде што е предвидено да говори министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и други говорници. За забавата ќе има диџеи, ќе настапат Тамара Тодевска и други естрадни уметници.
„Eвидентни се обидите со омраза да се засили порака на еднаквост и вклучување. Евидентни се обидите да се потцени можноста отворено да разговараме за хомофобијата, трансфобијата и бифобијата, кои не само што носат до ситуации на нееднаквсот, туку и го зголемуваат ризикот од насилство врз ЛГБТ заедницата“, рече Андоновски.
Антонио Михајлов од организацијата на „Скопје прајд“, рече дека имаат поддршка од министри и пратеници, а очекуваат гости од соседните држави: Грција, Бугарија, Албанија, Србија, Косово, Црна Гора…
Кочовски на прашање на „Макфакс“, дали знаат кој стои зад протестниот марш за семејни вредности, кој ќе се одржува во исто време со парадата на гордоста, рече дека немаат информации, но дека самиот факт што во исто време се одржува контрапротест, говори за тоа кои се намерите и целите на организирањето ваков настан.
„За жал таму нема никаква транспарентност, и за разлика од грѓанскиот сектор со кој работиме со години ние најтранспаренто кажуваме кој и сио што не поддржува. За жал не занеме кој ги поддржува и финансира и со какви активности се занимаваат. Она што е евидентно тоа е покажување омраза, двоење и поларазација, со што сакаат да кажат еве какви пристојни граѓани сме…“, кажа Андоновски.
Од земјите во регионот само Северна Македонија и Босна и Херцеговина досега не одржале парада на гордоста. Во Сараево првиот ваков настан ќе се одржи во септември годинава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во период од 08.30 до 15.00 часот корисниците, од Ул.Чаирска (општина Чаир)
· во период од 09.00 до 12.00 часот корисниците,од Горно Соње Ул.7 и Ул.9 (општина Сопиште)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патниот правец Куманово – Крива Паланка, до 100 метри на патните правци Делчево – Македонска Каменица и Катланово – Велес и од 100 – 150 метри на патните правци Градско – Неготино и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар ќе добие нов лик
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера вечер, преку социјалните мрежи порача дека кејот на Вардар ќе добие нов лик.
Тој заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, изврши обиколка на кејот на реката Вардар.
„Од утре официјално започнуваме со реконструкција на спортските терени, со што овој простор ќе прерасне во современ спортско-рекреативен центар отворен за сите генерации.
Кејот ќе добие нови и целосно реконструирани терени за фудбал, одбојка и баскет, нова урбана опрема, како и модерни фитнес зони на отворено, достапни за секој граѓанин.
Со проектот се опфатени и спортските терени во Маџир Маало, кои исто така ќе бидат унапредени и ставени во функција на заедницата“, напиша Ѓорѓиевски.

