Македонија
Уште еден успешен Министерски состанок во Скопје – Османи: Уште еднаш ја потврдивме нашата позиција на меѓународната сцена
Денеска во Скопје, го заокруживме нашето едногодишното претседавање со Процесот за соработка во Југоисточна Европа, во рамките на кое се постигнаа два значителни успеси за регионалната иницијатива: номинирање на Амер Капетановиќ за нов Генерален Секретар на Советот за регионална соработка, како и со консензусот за Декларацијата од Скопскиот Самит, со што Република Северна Македонија стави потпис на уште еден успех на меѓународен план.
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на завршната прес конференција истакна дека со овој чин е зачувана стабилноста, континуитет и функционалноста на Советот за регионална соработка, со тоа и на целиот Процес. „Уште еден успех за Република Северна Македонија после претседавањето со ОБСЕ во 2023 година. Нашата земја, уште еднаш, ја потврди својата позиција на меѓународната сцена“, рече Османи, при што додаде дека идејата беше амбициозна, но целта првенствено беше наменета да се обезбеди платформа за плодна интелектуална и политичка дебата и дијалог, како и да произведе идеи и да поттикне нови перспективи за регионот на Југоисточна Европа.
Османи заклучи дека како претседавачи со Процесот особено е горд на ова постигнување. “Покажавме дека сме способни да го сочуваме кредибилитетот на регионалната сопственост и лидерството кои ги градевме и надградувавме низ годините наназад преку оваа значајна регионална иницијатива”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

