Македонија
Уште едно медицинско лице од Клиниката за кожни болести заразено со вирусот
Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти за уште еден нов пациент, дел од персоналот на Клиниката за кожни болести во Скопје, по направени тестови во изминатите 24 часа.
Со ова, бројот на заболени се искачи на шест лица, кои се вработени на оваа клиника. Ова следува откако ексдиректорката на болницата, Нина (Цаца) Билјановска, се врати од Италија и не се изолира во согласност со препораките, туку одеше на работа. Подоцна нејзиниот тест на коронавирус беше позитивен.
„Регистрирани се 24 нови случаи на инфицирани со коронавирус. Има уште еден пациент поврзан со Клиниката за кожни болести во Скопје. Вкупната бројка до 12 часот е 201 лице“, соопшти Филипче.
Од скопската Инфективна клиника е отпуштен уште еден пациент, чии два контролни теста се негативни.
„На Клиниката за инфективни болести испишан е еден пациент од Дебар, кој е во добра општа состојба со два негативни последователни теста“, рече Филипче.
Министерот информира дека состојбата на пациентите од Штип е стабилна.
„Добра е состојбата во Штип, малото девојче, мајката и бабата се во стабилна состојба“, посочи Филипче.
Во текот на идната недела, според скринингот, во одредени градови ќе се тестираат пошироки групи лица што патувале во земји во кои има ризик или биле во контакт со заболено лице.
„Уште пошироки групи ќе се тестираат во текот на идната недела, се спремаат мобилните екипи“, рече Филипче.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Среќа што СДС не е на власт, инаку ќе бевме кандидати за влез во ЕУ како малцинство во Бугарија, кое зборува бугарски јазик и има бугарска историја
СДС не се на власт поради тоа што го погазија македонскиот идентитет, јазик и историја. Го променија знамето, името и Уставот. И кога СДС говори за евроинтеграции најголемиот успех е сликата од авионот, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Нивните “успеси” се срам за македонските граѓани.
Среќа што СДС не е на власт, инаку ќе бевме кандидати за влез во ЕУ како малцинство во Бугарија, кое зборува бугарски јазик и има бугарска историја. До толку ја сакаат власта да би прифатиле да бидеме и бугарска покраина, а за Гоце, Даме, Сандански уште утре ќе напишат дека се Бугари.
Но, затоа и не се на власт“.
Затоа што, како што додаваат од партијата на власт, граѓаните ја дадоа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, партија која ќе ја внесе Македонија во ЕУ, без да се погази волјата на граѓаните.
Македонија
ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите, велат од СДСМ
Според СДСМ, прашањето на македонскиот јазик и Планот за правата на заедниците не се тема на билатерални односи.
Како што додаваат од оваа партија, темата со македонски јазик во ЕУ е затврена и завршена.
„Македонија го има и првиот Договор со ЕУ потпишан на Македонски јазик. Договорот за Фронтекс го потпиша дури и Бугарија, со што македонскиот јазик е официјано признаен и во ЕУ.
Зошто прашања со Бугарија за македонски јазик се отвораат сега кога се затворени во ЕУ?
Како што веќе многупати кажавме, затоа што ВМРО намерно го стопира процесот на евроинтеграции и намерно измислува теми, како последната со Бугарија.
Затоа што сака изолација на Македонија. За да може да продолжат со грабежот преку тендерите, како што се, на пример, 161 тендер на една фирма, 9 милиони евра за друга, 1,2 милиони евра тендери од Пошта за фирма блиска до ЗНАМ и многу други“.
Ова, како што оценуваат во опозициската партија е само уште еден доказ за сè она што СДСМ го говори во јавноста во изминатиот период.
„Мицкоски и тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не сакаат ниту да ја отворат темата за членство во ЕУ, затоа што сакаат да го прекинат процесот на евроинтеграции, да распишат избори а потоа да донесат мигранти. Тоа е нивниот план“.
Македонија
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец декември 2025 година.
Исплатата се однесува на следните права: Гарантирана минимална помош; Гарантиран Детски додаток;
Додаток за социјално домување; Еднократна парична помош; Еднократна парична помош за новороденче; Образовен додаток; Образовен додаток – студирање; Родителски додаток за трето дете;
Социјална сигурност за стари лица; Траен надоместок; Цивилна инвалиднина; Сместување во згрижувачко семејство.
Исплатата на правата: Посебен додаток, Парична помош за попреченост и Туѓа нега ќе се изврши дополнително.
Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 05 Јануари 2026 година.
Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:
05.01.2026– А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ
06.01.2026– М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

