Македонија
„Фени“ ќе почне со работа на штета на вработените – Левица бара национализација
Стартот на производство во тенденциозно ограбениот од офшор компании, индустриски комбинат „Фени“, според најавите, е неизвесен, велат од Левица. Причината за ова, како што појаснуваат, е што работниците сѐ уште немаат склучено договори за вработување.
„Главен проблем е тоа што на работниците им се нудат мизерни услови по однос на месечните примања. Згора на тоа, новите сопственици се закануваат со увоз на работници од Косово!
Претходните апели на Левица да се искористи можноста за национализирање на компанијата, која е во една од најпрофитабилните индустрии, беа занемарени од претходната власт. Затоа, повторно упатуваме апел да се преземат потребните чекори за враќање на достоинството на вработените, кои не бараат дополнителни, туку си ги бараат заслужените примања, согласно видот на дејноста што ја извршуваат“, истакнуваат од Левица во нивното соопштение.
Пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, се сретна со вработените пред Фабриката и изјави дека Левица има долгорочен план за максимално искористување на суровината, намалување на количината на јаловина, еколошки одржливо производство и достоинствен живот на работниците кои макотрпно работат во еден од најголемите извозни капацитети во државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Минчев со честитка за 8 Декември – Свети Климент Охридски
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, испрати честитка по повод 8 Декември – Свети Климент Охридски.
„Нека е честит големиот христијански празник, 8 Декември – Свети Климент Охридски.
Делото на Свети Климент, неговата посветеност на образованието и на создавањето силна духовна и културна традиција, останува траен темел на нашата историја и идентитет.
Неговиот пример не поттикнува да создаваме подобро општество засновано врз знаење, честитост и заемна поддршка.
Нека празникот ни донесе личен и колективен напредок, а во нашите домови мир, здравје и радост“, пишува во честитката.
Македонија
Запленети 237 парчиња разновиден рачен, батериски и електричен алат без документација, уапсени две лица
Полицијата заплени 237 парчиња разновиден рачен, батериски и електричен алат без документација, а уапсени се две лица.
Според информациите на МВР, вчера на автопатот Табановце-Куманово, полициски службеници ги лишија од слобода Л.А.(32) од с.Никуштак и А.Ш.(32) од Скопје.
Полициските службеници запреле патничко возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.А., а сопатник А.Ш., и при преглед на возилото пронајдени се 237 парчиња нов неупотребуван разновиден рачен, батериски и електричен алат, без никаква документација.
Возилото и алатот се одземени, а лицата се уапсени и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Македонија
Доделување на наградата „Св. Климент Охридски“
Во Кристалната сала на Собранието, денеска, Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ ќе ја додели државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2025 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Северна Македонија.
Државната награда „Св. Климент Охридски“ за остварување во областа на воспитанието и образованието му се доделува на академик Витомир Митевски, филозоф и класичен филолог, а наградата за остварување во областа на културата и уметноста, им се доделува на композиторот Живоин Глишиќ и на ликовниот уметник Беди Ибрахим.

