Македонија
Фетаи бара притвор за Мијалков и Ибраими
Обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи, побара притвор за Сашо Мијалков и Бедредин Ибраими во предметот „Титаник 2″, кои судот ги осуди на казни затвор од 3 и 4,6 години.
Мерката притвор е да се спречи опасноста од бегство, рече Фетаи.
За ексчленот на ДИК, Бедредин Ибраими, поради неговото однесување за време на судската постапка, во кое со потсмев говорел за штетата од 20 илјади денари во предметот, обвинителката Фетаи побара судот да му изрече построга мерка притвор.
Обвинителката на СЈО по изрекувањето на пресудата за предметот „Титаник 2″, побара обвинетиот Мендух Тачи да се јавува еднаш неделно во судот, поради опасност од бегство, имајќи предвид дека се однесувал коректно за време на судењето.
Фетаи истото го побара и за обвинетите Влатко Сајковски, Сашо Срцев и Анета Стефановска.
Обвинетиот Ибраими рече дека одлуката што ја донеле во ДИК за прегласување била законита. „Судот мисли дека со додворување на СЈО се прават реформи во судскиот систем”, рече Ибраими.
Во однос на предлогот за притвор, Ибраими рече: „Бедредин Ибраими тука е роден, тука ќе остане и тука ќе умре”, рече тој пред судиите.
„Не може што ќе ѝ текне на обвинителката, тоа да бара”, кажа Ибраими пред судот.
Претходно судот го осуди на три години затвор за поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков. Судечкиот совет составен од судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани и тројца поротници ги осуди на казна затвор од 3 години и два месеци години лидерот на ДПА, Мендух Тачи, и поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибраими, на казна затвор од 4 години и 6 месеци. Поранешните членови на ДИК, Сашо Срцев, Влатко Сајковски и Анета Стефановска добија казни од 3 години за незаконското поништување на гласањето на локалните избори во Струмица во 2013 година поради политичко влијание.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

