Македонија
Фетаи бара притвор за обвинетиот поради кого се одложуваа рочиштата за „Насилството во Центар“

Обвинителката Фатиме Фетаи за време на рочиштето за „Насилство во Општина Центар“ рече дека СЈО побарало од Државниот санитарен и здравствен инспекторат да направи вонреден инспекциски надзор во приватната клиника со цел да провери дали обвинетиот Милан Андоновски навистина бил на боледување или станува збор документ што клиниката го издавала за тој да ги избегне судењата за случајот на СЈО. Поради согледани недостатоци, инициран е вонреден стручен надзор преку Лекарската комора и службите што контролираат боледувања во Фондот за здравствено осигурување. Според Фетаи, приватната клиника, од каде што Андоновски вадел оправдувања, имала направено пропусти, односно при вадење на извештајот тие не ги направиле стандардните лабараториски анализи за да го поткрепат боледувањето.
Обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи, тврди дека боледувањата се наменски вадени пред рочиштата, а против лекарите најави поведување постапка. Во меѓувреме тие побараа притвор за обвинетиот Андоновски со цел обезбедување на присуство.
Главната расправа беше трипати одложувана поради боледувањата на обвинетиот Милан Андоновски. Тој не беше присутен и на минатото рочиште поради лоша здравствена состојба, односно во лекарското оправдување пишувало дека тој има ларингит.
Судењето ќе продолжи на 19 април. Обвинетите се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Јавен обвинител бил во „Макпрогрес“ ама увидот не е почнат, пожарот уште тлее

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство од Кочани бил во фабриката „Макпрогрес“ но, како што информира Државното јавно обвинителство, увидот се уште не е почнат бидејќи пожарот не е во целост изгаснат и се уште траат активностите за обезбедување на локацијата.
– Во меѓувреме, јавниот обвинител издава наредби и насоки за други дејствија за целосно испитување на настанот, информираат од Јавното обвинителство.
Пожарот во фабриката за кондиторски производи и вафли избувна вчеравечер околу 18 часот при што беа опожарени магацински и производствени погони. Покрај пожарникарите од Виница, во гаснењето беа вклучени и пожарникари од неколку соседни општини.
Сите се во стабилан здравствена состојба. На осум лица, вработени во фабриката, им била укажана лекарска помош во Клиниката за токсикологија во Скопје. Четворица од пожарникарите кои учествуваа во гаснењето на пожарот, биле примени во Општата болница во Кочани, а една пожарникарка била хоспитализирана во Клиничката болница во Штип.
Македонија
Полициски хеликоптер и два ер трактори се борат со пожарот кај Раштак

Пожар попладнево изби над скопското село Раштак на Скопска Црна Гора. Чадот од пожарот се гледа од поголем дел од Скопје.
Дирекцијата за заштита и спасување информира дека пожарот се гасне и од воздух и дека се вклучени два „ер трактора“ и еден полициски хеликоптер.
– Во гаснењето учествуваат повеќе екипи на БППЗ Скопје, тим на ДЗС, два ер трактора на ДЗС и еден полициски хеликоптер, информира директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.
Македонија
Сите хоспитализирани од пожарот во Виница се во стабилна здравствена состојба, соопшти МЗ

Тринаесет лица се хоспитализирани по пожарот што вчера доцна попладне избувна во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во Виница. Сите хоспитализирани се во стабилна здравствена состојба, соопштија попладнево од Министерството за здравство.
Осум лица, вработени во фабриката, биле на Клиниката за токсикологија во Скопје, една пожарникарка била хоспитализирана во Клиничката болница во Штип, а четворица пожарникари во Општата болница во Кочани.
Во гаснење на пожарот во Виница, покрај пожарникари од виничката Територијална противпожарна единица, вчера биле вклучени и пожарни единици од соседните општини.
Според последните информации од Центарот за управување со кризи, до 12 часот денеска, пожарот во фабриката е ставен под контрола.