Македонија
Филипче: До крајот на јуни ќе стигнат 600.000 вакцини

Процесот на вакцинација е забавен бидејќи нема доволно вакцини. Динаминката ќе се промени, кога ќе стигнат „Синовак“ од Кина и 100 илјади од „Фајзер“ преку ковакс-системот. Ова во тврди министерот за здравство, Венко Филипче, според кого, до крајот на јуни, 600 илјади вакцини треба да се пристигнати во Македонија.
„Процесот на вакцинација, споредено со она што беше претходните недели, кога стигна големата количина на вакцини од Кина е нешто успорен, поради малата количина на вакцини која што доаѓа секој понеделник. Нашата последна информација е дека 100 илјади вакцини на ‘Фајзер’ преку ковакс-системот ќе стигне на 28 јуни, а на 27 или 28 јуни, половина од кинеските вакицини ‘Синовак’ и останатата половина до вкупно 500 илјади, до 30 јуни“, вели Филипче.
Тој најавува дека наскоро, откако сите ќе добијат термини, граѓаните ќе можат и без термин да одат и да се вакцинираат на пунктови.
„До крајот на следната недела, се очекуваат овие вакцини, за да се забрза процесот на вакцинација, за да во периодот, не подолг од две недели, сите пријавени, односно 180 илјади граѓани да добијат вакцини и да се вакцинираат и потоа да ги отвориме пунктовите за сите кои сакаат да се вакцинираат на лице место“, вели Филипче.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Карпош и Сарај денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Пелистерска 4-1/8. (општина Карпош)
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улиците бр. 3 и бр. 5 како и околните објекти во нивна близина во Сарај.(општина Сарај)
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на улицата Димитрие Чуповски бр.10 без вода ќе останат корисниците од улицата Никола Вапцаров лоцирани на потегот од Министерство за правда до Плоштад Македонија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 08.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 km/h), а температурата ќе се задржи под просекот за овој период од годината. Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со пораст на дневната температура.