Македонија
Филипче: Наесен се очекува нов бран на заболени од коронавирус
Министерството за здравство го прави планот за организација на капацитетите во болниците за новиот бран на коронавирусот, кој се очекува на почетокот на есента, кога се очекува дополнително оптoварување на системот со заболени од сезонскиот грип. Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека државата веќе го има искуството и дека може да се справи со следниот предизвик.
„Ние практично го правиме планот, добар дел е направен, за тоа како треба да бидат организирани капацитетите за следните месеци, посебно за почетокот за есента кога сигурно ќе имаме нов бран на заболени, дополнително оптоварување со сезонскиот грип. Веќе сега се престројуваме, научивме што и како треба. Имаме дополнителни капацитети на Инфективната клиника, знаеме како да ја организираме болницата ‘8 Септември’, а, паралелно на тоа, да нема одлагање на хроничните пациенти кои сега се одложени“, рече Филипче.
Според него, добро е тоа што се разменуваат искуства со другите држави преку Светската здравствена организација, како и постоењето на мобилната апликација „Стоп корона“, која ги евидентира контактите со евентуално заболени лица со коронавирус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрани за камиони на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан
Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Сопиште и Илинден денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани два прекини и тоа:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на дел од село Добри Дол. (општина Сопиште)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците во село Кадино кон црквата Св.Илија, улица 6. (општина Илинден)
Македонија
Облачно со повремени локални врнежи од снег
Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови и се очекува висината на снежната покривка на планините и на некои од повисоките места да се зголеми до 25 cm. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната ќе достигне од 0 до 6 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 2 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време со пораст на температурите. До сабота ќе се задржи претежно стабилно време, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Од сабота кон крајот на денот повторно се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

