Македонија
Филипче: Не очекувам ништо друго, освен лажни вести од ВМРО-ДПМНЕ
Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека ги следи обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ, кои со денови известуваат за сомнителни тендери и имот во сопственост на семејството на неговата сопругата. Вели дека обвинувањата се лажни.
„Ги следам обвинувањата од опозицијата и можам да кажам дека се класични лажни вести. Дека некој го следел имотот на мојата сопруга уште од 2012/2013 година, не сега, внимавајте, не е ништо друго, освен создавање лажна слика за која практично не знаеме што зборуваме. Тоа е целта на ВМРО-ДПМНЕ – да се зборува за нешто што не е затоа што немаат сериозни аргументи да зборуваат за достигнувањата на Владата, во секторот здравство и така натаму. Нашите достигнувања во секторот ги признаваат и колегите што се во ВМРО-ДПМНЕ. Во неофицијална комуникација се извинуваат што мора да ги читаат памфлетите, па после тоа да имаме пријателски и добронамерни разговори“, рече министерот Филипче одговарајќи на новинарски прашања по редовното информирање за состојбата со коронавирусот.
Рече дека не очекува ништо друго од ВМРО-ДПМНЕ, освен лажни вести и лажни обвинувања.
„Ништо не може да се очекува од таква опција која не нуди ништо сериозно за нашата држава. Не постои неврохирург од развиена западноевропска земја што крпел глави на повредени лидери на политичка партија поради тоа што некој друг сакал да им го оздеме животот. Такви колеги јас не сум сретнал, а ние тоа го имавме во нашиот парламент. Таква опција нема да се врати во нашата земја. Тие ќе продолжат и понатаму со лажни вести и обвинувања, смешни се обвинувањата. Ние продолжуваме понатаму со нашите политики“, рече Филипче.
„Ниту Министерството ниту, пак, министерот нема одговор како тоа семејството на министерот Филипче, односно најблиското семејство на неговата сопруга, има заеднички имот и инвестиции со човек чија фирма од Министерството за здравство и сите институции под ова Министерство има добиено тендери вредни над седум милиони евра“, рече денес Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

