Македонија
Филипче: Подигнувањето на свесноста за деменцијата во јавноста е клучно за рана дијагноза
Министерот за здравство, Венко Филипче, се обрати на вториот по ред Dementia Master Class – настан од серијата едукативни состаноци што се одржуваат во земјите на Западен Балкан со цел вмрежување и размена на искуства меѓу експерти од регионот и локални професионалци, вклучени во третманот и грижата на лицата со деменција.
Тој потенцира дека деменцијата не претставува само проблем на индивидуата, туку на цела социјална група, на пример, на брачната двојка или на семејството, така што справувањето со деменцијата е предизвик на сите засегнати страни.
„Заштитата и унапредувањето на здравјето на граѓаните во нашата држава е приоритет на Владата и Министерството за здравство. Посебен фокус е ставен кон подобрување на условите за лекување на сите пациенти, а посебно на третманот на постарите лица имајќи предвид дека е во подем бројот на лица со Алцхајмерова болест како најчест и најголем социо-медицински проблем и предизвик. Населението старее, животниот век е продолжен, а со тоа бројот на заболени од Алцхајмерова деменција расте бргу. Статистиката покажува дека на секои 3 секунди во светот има еден нов заболен од Алцхајмерова болест. Денес, во светот има околу 47 милиони заболени, а до 2050 година се очекува овој број да достигне 135 милиони поради што деменцијата ја нарекуваат епидемија на 21 век“, изјави министерот Филипче.
Според светската статистика, во нашата земја се претпоставува дека има околу 20 илјади лица со Алцхајмерова деменција. Дополнително, околу 400 илјади луѓе од населението во земјава се на возраст од 65 години или повеќе и може да се сметаат за потенцијални пациенти со ваква дијагноза. Инаку, лекувањето на овие пациенти во нашата држава се одвива по веќе утврдени стандарди и соодветни протоколи, кои обезбедуваат соодветна грижа и нега.
На Клиниката за неврологија во Скопје постои софтверски систем (Hospital information System), каде што, меѓу другите невролошки заболувања, се евидентираат и се следат пациентите со деменции, вклучувајќи ги и тие со Алцхајмеровата болест.
„Подигнувањето на свесноста за деменцијата во јавноста е клучно за рана дијагноза, а воедно за справување со предрасудите и стигмата кон оваа категорија лица. Токму затоа од суштинско значење е заеднички да работиме на подигнување на јавната и професионалната свест за постоењето на болеста, а паралелно со тоа и на усовршување на дијагностиката, третманот, како и социјалната грижа и реинтеграција на болните и нивните семејства“, рече министерот Филипче и додаде дека како и досега, и натаму остануваме отворени за соработка со стручните и граѓанските здруженија, кои работат во областа на деменцијата и со заемна поддршка да ги детектираме и соодветно да одговориме на предизвиците за подобрување на лекувањето и социјалната интеграција на пациентите што се борат со оваа болест.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 04:00 до 08:00 часот, корисниците од населбите: Бутел и Север, општина Бутел, Топанско Поле и дел од Чаир, општина Чаир и Шуто Оризари и Визбегово, општина Шуто Оризари;
· од 07:30 до 15:30 часот, корисниците на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, броеви од 49 до 53, како и објектите во околината на Поликлиника – Идадија, општина Центар;
· од 08:00 до 16:00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов, подулици бр. 10, 15 и 18, општина Аеродром;
· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од улицата Финска, општина Гази Баба;
· од 11:00 до 14:00 часот, корисниците од улицата Крагујевачка бр. 9, општина Карпош;
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 16 степени
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа вдолж Повардарјето повремено засилен ветер од северен правец, особено претпладне. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на оваа и во почетокот на следната седмица нашето подрачје ќе се наоѓа во поле на висок воздушен притисок. Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, освен во сабота кога ќе има зголемено наоблачување. Од петок по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.
Македонија
СДСМ некогаш беше државтворна партија, а сега се занимава со трач муабети, реагира движењето ЗНАМ
Движењето ЗНАМ за Наша Македонија реагираше на, како што наведуваат, обвинувањата од СДСМ, оценувајќи дека партијата „бега од одговорност со навреди, етикетирања и лични дискредитации“.
Во реакцијата, од ЗНАМ наведуваат дека СДСМ, наместо да понуди аргументи и одговори за кономската и институционалната состојба во државата, се занимава со „озборувања“ и „трач муабети“.
Партијата оценува дека СДСМ, која некогаш беше државотворна партија, денес е сведена на фабрика за навреди, конструкции и политички отров, како и дека со улична реторика покажува нервоза и очај.
Од ЗНАМ нагласуваат дека движењето не е ничја квислиншка група, туку автентична политичка сила создадена од граѓани разочарани од владеењето на СДСМ.
Во реакцијата се споменува и периодот на владеење на Зоран Заев, при што се изнесуваат критики за, како што наведуваат, националните политики и управувањето со државата. Се споменува и поранешниот министер за здравство Венко Филипче, при што се посочуваат, како што стои во реакцијата, контроверзии и сомнежи за тендери и набавки.
„Политиките на Зоран Заев останаа запаметени како период во кој националните интереси се ставаа на распродажба без јасен консензус и без чувство за државничка мерка. Со рачето на срце се промовираше како чесен и достоинствен, а всушност државата ја претвори во сопствен приватен бизнис. Симболиката на „едно евро за Вицето, едно за црквата“, беше само дел што нештото го докажува. Ги распродадоа македонските национални позиции на ангро, без јасна стратегија и без поддршка, ја разнишаа довербата во институциите и ја продлабочија поделбата во општеството. И по сето тоа, истите тие кругови, истото тоа раководство, се обидуваат да зборуваат за морал и одговорност, како граѓаните да немаат паметење. Во периодот кога со здравството раководеше Венко Филипче, јавноста беше сведок на низа контроверзии, сомнежи за тендери, набавки и прашања на кои никогаш не доби целосни и транспарентни одговори. Златни визи, сомнителни бизнис релации и повластени шеми, сето тоа се случуваше во време кога СДСМ ветуваше „живот за сите“, а испорача привилегии за малкумина“, велат од ЗНАМ.
Од ЗНАМ дополнително оценуваат дека опседнатоста на СДСМ со наративи за т.н. ‘српски свет’ и со случувањата во соседна држава и нивната постојана потреба да отвораат фронтови и да се караат со сите, од политички партии до новинарие прашање што партијата треба да го решава во сопствени рамки.

