Македонија
Филипче предлага да се забранат сите јавни собири за најмалку седум дена
Министерот за здравство, Венко Филипче, дал предлог Владата да ги ограничи масовните јавни собири како превенција од вирусот во пресрет на карневалите во Струмица и во Прилеп, мерка која била договорена доцна синоќа на состанок со Центарот за управување со кризи.
„Денес Владата ќе има седница специјално за оваа точка. По седницата ќе информираме за одлуката. Нашиот предлог ќе биде да се забранат сите јавни собири на луѓе со голема бројка без разлика дали се на отворено или на затворено. Во затворен простор ризикот од пренесување на инфекцијата е поголем, меѓутоа истото важи и за отворен простор ако дистанцата меѓу луѓето е мала, а тоа е безбедна дистанца од 1-1,5 метар, што на карневал е невозможно да се почитува. Сметам дека треба да се откажат сите големи јавни собири, вклучително и спортските натпревари. Тоа што ние ќе препорачаме како Министерство за здравство ќе биде мерката да важи најмалку една недела од денеска, до следниот петок, со таа можност во кој било момент да се донесе друга мерка во зависност од тоа како ќе се движи состојбата во однос на пациентите, но и во однос на тоа што се случува во регионот околу нас“, рече Филипче.
За споредба, тој даде пример со Грција каде што е откажан карневалот во Патра иако двајцата заболени од коронавирус се во Солун.
Министерот денеска на прес-конференција информираше дека патник кој од Италија се вратил во Струмица на 22 февруари пријавил дека има покачена температура. Земен е материјал за анализа и резултатите од тестот за коронавирус се очекуваат во текот на денот.
Вчерашните бројки покажуваат дека на светско ниво коронавирусот за првпат се јавува во нови земји. Министерот Филипче рече дека за првпат вирусот се јавува во Нигерија, но и во четири други европски земји – Естонија, Данска, Холандија и Литванија. Со ова вкупната бројка на заболени во Европа изнесува 774 од кои 650 се во Италија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

