Македонија
Филипче: Се подготвува план за отворање на градинките
Комисијата за заразни болести утрово разговарала за отворање на градинките, чие повторно отворање мора да го следи олабавувањето на мерките. Министерот за здравство, Венко Филипче, рече дека за нив ќе има посебен протокол за работа со оглед на тоа што постои ризик децата да бидат во трансмисија на коронавирусот.
Тој вели дека се разгледува како да се организира работата на градинките бидејќи, според него, тие мора да функционираат.
„Сè уште траат консултациите за што ќе стапиме во контакт со самите градинки за да се изработи посебен протокол. Свесни сме дека навистина е тешко и тоа е голем предизвик затоа што децата нормално дека се во ризик да бидат трансмисија на болеста. Многу тешко таму може да се одржуваат правилата. Сакаме да донесеме план кој ќе може да се спроведе. Градинките мора да бидат во функција кога сите ќе се вратат на работа, така што, дозволете, во наредните денови, кога ќе биде готов планот, да дадеме повеќе информации како и на кој начин градинките ќе почнат да работат“, рече Филипче.
Тој исто така соопшти дека се работат и протоколи за работа за фирмите.
„До крајот на оваа недела сите протоколи ќе бидат завршени врз основа на анализите и од почетокот на следната недела тие ќе може да се применуваат“, додаде Филипче.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

