Македонија
Филипче ја повика ВМРО-ДПМНЕ да учествува во работните тела за израдба на новиот клинички

Министерот за здравство, Венко Филипче, ја повикува ВМРО ДПМНЕ да учествува во работните тела за изградба на новиот клинички центар.
Како што се наведува, со желба за конструктивност за доброто на државата, министерот за здравство упатува јавен и отворен повик до опозициската партија ВМРО ДПМНЕ со своите експерти и кадровски капацитети да се вклучат и да учествуваат во сите работни тела во проектот за изградба на новиот клинички центар во Скопје.
Повикот за транспарентност има за цел да им покаже на сите дека сè е јавно и дека вистински интерес се токму граѓаните и создавање функционален клинички центар за нивните потреби, се вели во повикот на Филипче.
„Да бидеме конструктивни за доброто на државата. Ја повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да учествува и да ја следи работата на сите тела вклучени во проектот за изградба на нов клинички центар во Скопје. Ова е единствен начин ваков голем проект да успее за доброто на граѓаните на државата. Заедно да бидеме дел од еден успешен проект. Транспарентно, заеднички да покажеме дека интерес ни се граѓаните, а не собирање политички поени. Отворени сме за соработка, ве очекуваме да бидете дел од работните групи“, вели министерот Филипче во својот јавен повик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Јавен обвинител бил во „Макпрогрес“ ама увидот не е почнат, пожарот уште тлее

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство од Кочани бил во фабриката „Макпрогрес“ но, како што информира Државното јавно обвинителство, увидот се уште не е почнат бидејќи пожарот не е во целост изгаснат и се уште траат активностите за обезбедување на локацијата.
– Во меѓувреме, јавниот обвинител издава наредби и насоки за други дејствија за целосно испитување на настанот, информираат од Јавното обвинителство.
Пожарот во фабриката за кондиторски производи и вафли избувна вчеравечер околу 18 часот при што беа опожарени магацински и производствени погони. Покрај пожарникарите од Виница, во гаснењето беа вклучени и пожарникари од неколку соседни општини.
Сите се во стабилан здравствена состојба. На осум лица, вработени во фабриката, им била укажана лекарска помош во Клиниката за токсикологија во Скопје. Четворица од пожарникарите кои учествуваа во гаснењето на пожарот, биле примени во Општата болница во Кочани, а една пожарникарка била хоспитализирана во Клиничката болница во Штип.
Македонија
Полициски хеликоптер и два ер трактори се борат со пожарот кај Раштак

Пожар попладнево изби над скопското село Раштак на Скопска Црна Гора. Чадот од пожарот се гледа од поголем дел од Скопје.
Дирекцијата за заштита и спасување информира дека пожарот се гасне и од воздух и дека се вклучени два „ер трактора“ и еден полициски хеликоптер.
– Во гаснењето учествуваат повеќе екипи на БППЗ Скопје, тим на ДЗС, два ер трактора на ДЗС и еден полициски хеликоптер, информира директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.
Македонија
Сите хоспитализирани од пожарот во Виница се во стабилна здравствена состојба, соопшти МЗ

Тринаесет лица се хоспитализирани по пожарот што вчера доцна попладне избувна во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во Виница. Сите хоспитализирани се во стабилна здравствена состојба, соопштија попладнево од Министерството за здравство.
Осум лица, вработени во фабриката, биле на Клиниката за токсикологија во Скопје, една пожарникарка била хоспитализирана во Клиничката болница во Штип, а четворица пожарникари во Општата болница во Кочани.
Во гаснење на пожарот во Виница, покрај пожарникари од виничката Територијална противпожарна единица, вчера биле вклучени и пожарни единици од соседните општини.
Според последните информации од Центарот за управување со кризи, до 12 часот денеска, пожарот во фабриката е ставен под контрола.