Македонија
Филков: Ќе ги споведеме неопходните реформи за Судскиот совет колку и да се тешки

Министерот за правда Игор Филков присуствуваше на настанот „Судски совет – предизвици и препораки за обезбедување независно судство“. Во своето обраќање Филков посочи дека е потребно да се насочиме кон решавањето на ситуациите, проблемите и да превенираме во иднина да немаме каков било сомнеж, што може да ја доведат во прашање независноста и стручното постапување на Судскиот совет.
„Да не се залажуваме, нема реформа што не е болна, но нема ниту реформа како оваа, што е толку неопходна. Сакам да порачам дека ќе ги спроведеме неопходните реформи колку и да се тешки. И нема да запреме додека повторно не почнат граѓаните да гледаат со полна доверба кон судовите во постапките за заштита на своите права“, рече Филков.
Министерот најави дека од следниот месец ќе почнат јавни дебати за Законот за Судскиот совет да се најде прифатливо решение со цел да се врати довербата на граѓаните во правосудниот систем.
„Веќе од наредниот месец почнуваме со јавни дебати за Законот за Судскиот совет. Дебати што ќе бидат експертски и за кои сум сигурен дека ќе вродат со плод, особено во деловите од законскиот текст, кои се однесуваат на дисциплинската постапка, постапката по жалба, изборот и разрешувањето. Овие три аспекти од законскиот текст ги увидовме како клучни за самиот почетокот за да можеме да одиме понатаму со чекорите кон враќањето на довербата во правосудниот систем“, потенцира Филков.
Според министерот, само со обезбедувањето на независноста и непристрасноста на ова тело ќе успееме да ги вратиме легитимитетот, професионалноста и интегритетот на Судскиот совет, кој треба да преставува пример и да ужива доверба од севкупната фела. Судскиот совет мора да се докаже како стручно тело, кое ќе биде составено од лица со потврдено правничко искуство, а за кои не смее да постои ни најмал сомнеж за нестручност и политичко влијание. Тоа не смееме да го дозволиме во институција што треба да ја штити независноста на судството.
„Да не бегаме од тешките одлуки што ни претстојат. Да се соочиме со неефикасноста и да изградиме правосудство, кое не е само независно и ефикасно, туку и такво во кое граѓаните на Северна Македонија повторно може да веруваат“,порача Филков.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Андоновски: Дигиталниот самит ја става Македонија на мапата на дигитално развиени држави

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски во гостување на македонско радио, говореше за Дигиталниот самит кој ќе се одржи во Скопје на 1 и 2 октомври, во Музејот на современа уметност, на кој ќе бидат присутни над 800 учесници од државата, но и од другите земји од регионот и од Европа.
Андоновски истакна дека оваа година самитот е малку реорганизиран, со тоа што ако порано бил само за функционери и членови на владите, сега и граѓаните, бизнис секторот, универзитетите, ќе може да присуствуваат и да ги слушаат говорниците кои се поканети на самитот.
Како главни теми на самитот ќе бидат сајбер-безбедноста и дигиталните услуги, но на самитот ќе се говори и за вештачката интелигенција, најави Андоновски.
„Главен интерес ќе ставиме на сајбер-безбедноста, 3 панели ќе бидат посветени на неа, затоа што имаше голем интерес и од учесниците и од панелистите. Потоа, дигиталните услуги, ќе ја преставиме како што ветив македонската мобилна супер апликација, секако ќе разговараме за дигитален паричник, дигитален идентитет, интероперабилност, нови услуги, поврзување на институциите, иновации, вештачка интелигенција и итн’’, рече министерот за дигитална трансформација.
Во однос на промоција на настанот, Андоновски напомена дека сите панели и свеченото отворање, како и обраќањето на премиерот Христијан Мицкоски и неговото обраќање ќе бидат дигитално пренесувани на социјалните мрежи.
„Сите заинтересирани кои нема да можат да бидат во можност да присуствуваат на настанот, ќе можат истото да го следат на социјалните медиуми, мислам дека ќе биде одличен настан’’, заклучи Андоновски.
Македонија
Во полициската станица во Пробиштип ќе биде поставена биста на Тоше Тодоровски кој загина во дискотеката „Пулс“

Утре, 27.09.2025 година, во 10.00 часот, во кругот на полициската станица во Пробиштип ќе се одржи свечена церемонија на откривање на спомен бистата на Тоше Тодоровски, кој трагично го загуби животот извршувајќи работни задачи во дискотеката ,,Пулс” во Кочани, соопшти Независниот полициски синдикат.
„Во овие тешки моменти во кои навршија 6 месеци од трагедијата и сѐ уште се чуствува длабока тага и болка не е време за поделби, туку е момент кој треба да не обедини сите кои сочуствуваме со фамилиите кои загубија свои блиски, достоинствено да одадеме почит и да побараме правда за сите“, велат од Синдикатот.
Македонија
МВР објави анкета за неговите услуги

Министерството за внатрешни работи објави анкета да го истражи задоволството на граѓаните од користење на услугите на МВР.
„Во насока на подобрување на квалитетот на услугите во Министерството за внатрешни работи Ве известуваме дека е поставен анкетен прашалник преку кој може да го изразите Вашето задоволство од користењето на услугите на Министерството за Внатрешни работи“, велат од МВР.
Анкетата е објавена на следниот линк: https://mvr.gov.mk/mk-MK/anketen-prasalnik