Македонија
Фондацијата „Марко Божиновски“ го најававува првиот меморијален ракометен турнир
Од 14 до 17.6.2022 година, на СЦ „Марко Божиновски“, во Ново Лисиче, општина Аеродром, осум екипи на момчиња родени 2004 година и помлади, од три држави, поделени во две групи, ќе се натпреваруваат за победнички пехар на премиерното издание во чест на прерано починатиот млад ракометар.
Помина една година откако младиот ракометар и член на македонскиот национален тим, Марко Божиновски, тивко си замина. Неговото заминување беше тивко, но веста за неговото заминување одекна далеку и гласно. Во негова чест и аманет, а имајќи предвид дека ракометот беше негов живот, љубов и животна определба, неговото семејство ја отвори Фондацијата „Марко Божиновски“, со визија вечно да живее неговиот лик и дело, поддршка на млади луѓе што поседуваат талент, но немаат можност да инвестираат во себе, но и всадување спортски дух кај новите генерации, дух што Марче го носеше во себе.
Водејќи се од визијата на Фондацијата, во сегментот на организација на спортски активности и настани за деца и млади, во периодот од 14 до 17 јуни, 2022 година, Фондацијата „Марко Божиновски“ со особена чест и задоволство го најавува премиерното издание на меморијалниот ракометен турнир „МАРКО БОЖИНОВСКИ“, турнир за ракометари до 18 години, на кој ќе учествуваат осум младински екипи од 3 држави – Хрватска, Србија и Македонија.
Натпреварите ќе се играат по принцип 2х30 минути во две групи, со систем на натпреварување секој со секого во својата група. Првопласираните екипи од групите ќе играат натпревар за прво место, второпласираните за трето итн. Во случај на ист број поени, ќе се применат пропозициите на РФМ. Сите натпревари ќе бидат пренесувани во живо на „Јутјуб“.
Натпреварите од турнирот ќе се одиграат во Спортскиот центар „Ново Лисиче“, општина Аеродром, кој од минатиот октомври е преименуван во СЦ „Марко Божиновски“
ГРУПИ И РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ:
Група А
РК Војводина Нови Сад
РК Пролет
РК Вардар Скопје
РК Бутел Скопје
Група Б
РК Нексе Нашице
РК Алкалоид Скопје
РК Голден Арт Скопје
РК Еурофарм Пелистер Битола
Распоред на натпревари:
14 јуни 2022
17:30 РК Вардар – РК Бутел
19:00 РК Голден Арт – РК Пелистер Еурофарм
15 јуни 2022
09:30 РК Војводина – РК Бутел
11:00 РК Пролет – РК Вардар
16:45 – официјално отварање
17:30 РК Нексе – РК Еурофарм Пелистер
19:00 РК Алкалоид – РК Голден Арт
16 јуни 2022
09:30 РК Нексе – РК Голден Арт
11:00 РК Алкалоид – РК Еурофарм Пелистер
17:30 РК Војводина – РК Вардар
19:00 РК Пролет – РК Бутел
17 јуни 2022
09:00 РК Војводина – РК Нексе
10:30 РК Нексе – РК Алкалоид
Финални натпревари
13:00 Натпревар за 7-мо место (А4 – Б4)
14:30 Натпревар за 5-мо место (А3 – Б3)
16:00 Натпревар за 3-мо место (А2 – Б2)
18:00 Натпревар за 1-мо место (А1 – Б1)
20:30 часот: Церемонија на доделување пехари, медали и избор на најдобар голман, стрелец и играч на турниот, проследени со мала забава со диџеј на теренот на СЦ „Марко Божиновски“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект
Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во продолжение на процесот започнат за спојување на ВЛЕН во еден субјект, објави на социјалните мрежи лидерот на движењето Беса, Билал Касами.
„Собранието на Движењето оцени дека треба да се отвори патот за структурирање на ВЛЕН и ја донесе оваа одлука врз основа на мораториумот за партиски активности од страна на субјектите што го сочинуваат ВЛЕН.
Во оваа прилика, Собранието ме овласти мене како претседател да продолжам со разговорите за иднината на ВЛЕН, давајќи поддршка на спојувањето во еден субјект, со решение што го почитува принципот на правда и го слуша гласот и волјата на гласачите на ВЛЕН и сите Албанци“, соопшти Касами.
На состанокот на Собранието, како што вели, била дискутирана и работата на функционерите на Движењето Беса во Владата.
„Членовите на собранието ја поддржаа мојата изјава дека Беса има капацитет за многу повеќе работа отколку што е сработено досега.
Анализата на работата на функсионерите ќе продолжи во наредните денови, додека наодите ќе бидат одразени во идната реконструкција на Владата.
Движењето Беса верува дека позициите во Владата се средство за наша најдобра и најефикасна служба на сите граѓани, а особено на Албанците, и сите идни одлуки ќе бидат засновани на овој принцип“, додава Касами.
Македонија
Од утре Мицкоски во Минхен на безбедносната конференција: во фокусот, геополитичката стабилност и улогата на Македонија како столб на стабилност во Западен Балкан
Oд утре (петок) премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе биде во неколкудневна посета на Сојузна Република Германија, каде ќе присуствува на 62-та Минхенска безбедносна конференција.
Во рамки на конференцијата, Мицкоски ќе оствари серија билатерални средби со европски лидери, високи претставници како и челни луѓе на меѓународните безбедносни организации.
Во фокусот на разговорите ќе бидат геополитичката стабилност на регионот, нагласувајќи ја улогата на Македонија како столб на стабилноста во Западен Балкан и активен придонесувач во НАТО алијансата.
Исто така премиерот Мицкоски на средбите и состаноците ќе ја реафирмира позицијата на државата за неопходноста од предвидлив и фер пат кон полноправно членство во ЕУ, без наметнати билатерални пречки.
На маргините на конференцијата, предвидени се средби со високи претставници на Европската Унија како и со шефови на влади и држави.
Македонија
Филипче да каже зошто со Заев дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон, кои им биле мотивите и кој и колку профитирал, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Филипче жестоко се обидува да го одбрани својот ментор Заев и поврзаноста на луѓето блиски до СДС во последниот скандал со запленетата марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче и кланот Заеви, Македонија ја претворија во Балкански „нарко-центар“, каде наместо медицинска се произведувала марихуана за црниот пазар. Запленетите 40 тони марихуана, директно водат до фирми блиски до Заев и Филипче.
Венко Филипче е без кредибилитет. Нема афера и скандал, а тој и Заев да не се вплеткани. Филипче и Заев се синоним за криминал, корупција, импровизации, нетранспарентни одлуки и контроверзи. Филипче е човекот кој го уништи здравствениот систем во државата“.
Македонија во време на владеењето на СДС, додаваат од владејачката партија, Зоран Заев и Венко Филипче, наместо строго контролирано производство на канабис за медицински цели, беше претворена во балкански нарко центар за шверц на марихуана на црниот пазар.
Според нив, факт е дека темелите на бизнисот за марихуана ги постави владата на Зоран Заев во 2020 година, додека Филипче беше министер за здравство.
„Владата на СДС делела лиценци на фирми поврзани со Зоран и Вице Заев, а резултат на тоа, денес се тони дрога и сериозни безбедносни последици за државата.
Факт е и дека околу 70 проценти од запленетата дрога деновиве е на фирма во сопственост на луѓе на Заев.
Медицинската марухуана била параван за организиран криминал во огромни размери“.
Прашуваат, зошто Заев лично се интересирал за случајот со петте тони марихуана запленети во Србија?
„Зошто Заев и Филипче дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон, кои им биле мотивите и колку профитирале?
Дали измените на правилникот се донесени по конкретна насока од Заев, и дали со нив се отворил простор за можни злоупотреби и незаконска трговија?
Одговорност мора да има“.

