Македонија
Француската министерка предупреди на можно реформирање на Унијата пред следното проширување
Министерката за Европа и за ннадворешни работи на Република Франција, Натали Лоазо, на средбата со претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието, Артан Груби, ја повтори европската перспектива на регионот и во тој контекст и на Северна Македонија, но со укажување дека е потребно исполнување на сите критериуми во поглавјата.
Таа ја потврди француската поддршка за нашите евроинтегративни процеси, при што посочи дека треба да се има предвид и можноста Унијата да се реформира во поглед на нејзиното функционирање, пред следното проширување со нови земји членки. Во однос на сегашната состојба во Европската Унија, порача дека европските избори, во мај, ќе бидат одлучувачки за нејзината иднина.
Груби истакна дека е значајна нејзината посета, како и на нејзината придружба, сенаторката и претседател на групата за пријателство Франција-Западен Балкан, Марта де Сидрак, пратеникот и претседател на групата за пријателство Франција-Северна Македонија, Бертран Сор, и на заменик-директорот за континентална Европа при Министерството за Европа и надворешни работи, Бујан де Лакост, за што сведочи и присуството на опозицијата. Груби се заблагодари за досегашната француска поддршка на евроинтегративните процеси на земјата.
По повод различните ставови помеѓу опозицијата и власта, Груби истакна дека сите ние дишеме ист воздух, нè грее исто сонце, имаме различни убедувања и гледишта, но заедничка ни е целта, европска Северна Македонија.
За актуелните случувања во земјата посочи дека се во рамките на милјето на претстојните претседателски избори во април и дека државата одлучно чекори кон членство во ЕУ и НАТО, зад кое несомнено стојат сите политички партии. Поради тоа, истакна Груби, за нас е особено важно да нè поддржи Франција, имајќи го предвид нејзиното место и влијание во евро-атлантските структури.
На средбата свои обраќања имаа пратениците: Антонио Милошоски, Лидија Тасевска и Сашо Василевски, во кои заедничка беше констатацијата дека Северна Македонија треба да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ во јунската сесија на Советот бидејќи посветено работи на ЕУ-реформите во правосудството и владеењето на правото. Сега, кога е надминат долгогодишниот спор за името со Грција, со ратификацијата на преспанскиот договор и со потпишувањето на договорот за соработка со Бугарија, земјата треба да добие валоризација за успешно завршените задачи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Македонија
Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има
Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“ поладнево на „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.
-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.
Тој, во изјавата за медиумите, истакна дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.
-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.
Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.
-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.
Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

