Македонија
Францускиот институт со „50 портрети на жени…“ по повод 8 Март

Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје делуваат во насока на промоција на родовата еднаквост, како во општествената, така и во политичката сфера, па за Денот на жената организираат настан „50 портрети на жени во Македонија посветени на промоцијата на женските права”.
Од таму велат дека стереотипите ја попречуваат целосната родова еднаквост. По тој повод, Меѓународниот ден на жеснките права, којшто се одбележува на 8-ми март, е потсетување на секојдневната борба за реална родова еднаквост, којашто е потребна особено во денешно време.
Оттука, Францускиот институт во Скопје се приклучува кон одбележувањето на Меѓународниот ден на женските права со настанот „50 портрети на жени во Македонија посветени на промоцијата на женските права”, којшто ќе се одржи утревечер, 8-ми март 2017, од 18 до 20 часот, во Францускиот институт во Скопје.
Настанот има за цел да ги покани жените кои преку нивните постојани активности, секоја во своето поле на делување, придонесуваат за родова еднаквост и за унапредување на правата на жените во Македонија.
Вечерта ќе бидат присутни жени од најразлични сфери на делување, кои ќе одговорат на прашањето „На кој начин во вашето секојдневие ги застапувате женските права?’. Воедно ќе им биде направен портрет од страна на фотографот Милан Стрезовски.
Потоа највпечатливите 50 портрети ќе бидат изложени во Францускиот институт во Скопје и ќе бидат поставени на ФБ страната на Францускиот институт во Скопје./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Несреќа на патниот правец Берово – Виница, сообраќајот е во прекин

АМСМ извести дека се случила сообраќајна незгода на патниот правец Берово – Виница, кај село Будинарци.
Порад незгодата од 07:30 часот сообраќајот е во прекин, додаде АМСМ.
Македонија
Опожарено возило во Аеродром

Во периодот од 01:40 до 02:40 часот, пожарникарите гаснеле запалено патничко моторно возило, на површина од 2м2 на булеварот Видое Смилевски – Бато, општина Аеродром.
Интервенцијата ја извршиле тројца пожарникари со едно возило. Материјалната штета изнесува 9000 денари, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Македонија
Сарај и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 08:15 – 14:00 часот дел од село Кондово пред Медреса, општина Сарај;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот делот позади Стаклара, општина Кисела Вода;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот МВ Каменик, с.Усје, општина Кисела Вода.