Македонија
Функционерите ќе можат да патуваат во странство, а по враќањето нема да одат во карантин
Владата на денешната седница одлучила да се дозволи избраните и именуваните лица да патуваат во странство, но по нивното враќање, да не бидат спроведени во задолжителен државен карантин. За одлуката соопшти техничкиот премиер Оливер Спасовски, според кого, државните функционери, при патувањето ќе треба да го почитуваат препораките и протоколите на Комисијата за заразни болести.
„Владата заклучи дека може да се дозволи патување во странство на избрани и именувани лица во странски држави со почитување на препораките и протоколите на Комисијата за заразни болести, за одржување на потребно растојание, носење на лична заштитна опрема. Заради координации и други работни активности, поврзани со мерките за Ковид-19, како и поради други итни причини кои не трпат одлагање без спроведување на овие лица во државен карантин, по нивното враќање во државата“, рече Спасовски.
И натаму останува во сила одлуката со која, сите државјани на државата, при враќањето од странство од земјите кои се со висок, среден или низок ризик, да бидат спроведени во државен карантин каде треба да останат по 14 дена. Објектите каде ќе се спроведува државниот карантин ги чува полицијата и Армијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

