Македонија
Хан: Решение за спорот меѓу Македонија и Грција за 15 дена

Спорот меѓу Македонија и Грција би можел да се реши во следните 15 дена, вели еврокомесарот за проширување Јоханес Хан пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент.
„Јас сум оптимист дека во следните две недели ќе има решение. Ќе има барем решение што ќе го отвори патот за почеток на преговорите со БЈРМ“, вели Хан, а пренесуваат грчките медиуми.
Тој смета дека ова решение ќе биде корисно за Македонија, но и за општеството, како и целиот регион на Западен Балкан. Според еврокомесарот, Македонија ја надминала длабоката политичка криза и постигнала напредок во спроведувањето на реформите, но и одржувањето на добрососедските односи. Хан вели „нема време за уживање во постигнатите успеси“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради менување на водоводен вентил од Ф 1” (Цол) на улицата 1732 бб спроти сала Маракана Градски Парк, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од Градско Собрание, Маракани Клуб Работнички во општина Центар.
Водоснабдување ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интезитет бележиме во Берово кој во моментов не преставува пречка за сообраќајот, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Чучер Сандево и Студеничани денеска без струја

ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од село Горно Оризари, Каменолом Гаранит, село Глуво, село Бразда и село Голиево во општина Чучер Сандево;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од делот кај општината Студеничани.