Контакт

Македонија

„Хаос. Почнаа да копаат“, „Треба Перо да направи пресметка“, коментирале хонорарецот во Влада и сопственикот на фирмата откако се дозна за спорните софтвери на Рашковски

Објавено пред

Обвинителката Ивана Трајчева на рочиштето за предметот „Софтвери“ каде првообвинет е Драги Рашковски презентираше разговори помеѓу Даниел Станчев, кој е сопственик на фирмата „Инвока груп“ која го добила спорниот тендер, и Ивица Димитровски, кој е професор на ФИНКИ и поранешен хонорарец во Влада. Во комуникацијата која е изведена како доказ, преку која обвинителката Трајчева докажува дека Рашковски ја злоупотребил положбата и овластувањето со набавката на спорниот софтвер, се зборува за аукцијата, распределба на парите, објавите во јавноста.

dobivaj vesti na viber

„Здраво Даниел, како си со време денеска. Јас после 16 сум слободен“ стои во првата презентирана порака за денеска, на што се враќа одговор: „Здраво Ивица. Во ред е по 16“. Следува: „Ние ќе бидеме во ГТЦ“, а се враќа одговор: „Супер ќе те побарам тогаш и ќе дојдам таму“.

На четири денови пред дочекот на новата 2020 година, се зборувало за допис испратен од Бирото за јавни набавки.

„Здраво Ивица референтите мора да се потпишат со електронски“ стои во првата порака, па се испраќа одговор: „Само што ни пишаа од БЈН“. По ова, следува и препраќање на порака испратена од БЈН.

„Здраво Даниел, деканот потпиша. Во дропбокс фолдерот го ставив документот“ информира еден од обвинетите, па следува одговор: „Океј, тенкс“.

Два дена пред Нова година, на 30.12.2019 година, односно два дена пред наддавањето за јавната набавка за набавка на софтверот за мерење на просечна брзина на возила од Генералниот секретаријат, односно Драги Рашковски, продолжува преписката помеѓу хонорарецот и професор на ФИНКИ, Димитровски и сопственикот на фирмата која го добила тендерот, Даниел Станчев.

„Здраво Даниел. Само што ми пиша Игор, утре ќе било наддавањето за тендерот. Ти ми кажа дека не сте во МК. Тоа ќе мора ти преку системот бидејќи е преку твојот акаунт или ќе можам јас некако да помогнам?“ стои во првата порака на овој ден, а се враќа одговор: „Да само што сакав да ти пишам. Ќе ти го дадам нашиот ацц (акаунт). Да наддавате. Ама сè уште нема мејл со известување. Никој официјално не нè известил. Мора официјално да нѐ известат за датум“.

Продолжува преписката со порака: „Игор вика имало на БЈН“, па одговор: „Ќе ти го дадам профилот и ќе видите“, следува: „Само што проверив. Уште нема ништо“.

Според пораките, во овој момент се испраќа корисничко име и лозинка.

На 02.01.2020 година, датумот за кој претходно се зборуваше дека ќе има наддавање, има нова конверзација меѓу обвинетите: „Како си на располагање за после. Јас се најавив, веројатно ќе се снајдам“, па следува одговор: „Здраво Ивица, јас сум пред ПЦ (компјутер). Ти ќе бидеш само бекап, мора да има“, па следува порака: „Супер и јас сум пред компјутер“.

Во следните пораки цитирани од обвинителката Трајчева за кои кажа дека се извадени од телефон на обвинетиот се зборува за аукцијата.

„Ама така овие се уште први? Со таа цена?“, по што има одговор: „Стави, да“.
„Еве пак сме први“, па има одговор: „Ќе биде забавно ова“, на што следува порака „Остај“.

Оттука повторно се зборува за до која цена да се оди при наддавањето.
„Колку мин? 5.5 м, кажа“, следува одговор: „Ух, не сум правел муабет за мин. ама под 70 не се исплати според мене“, па прашање: „Тоа е 4?“, на што следува и одговор: „Да, 4.3М“, па реакција со порака: „Аха“.

„Не се откажува никој“ стои во следната порака, за што другиот обвинет вели: „Овие Лирекс имаа првично 2М“, па следува одговор: „Кој ги знае“, „Стискај палци“.

По неколку минути, следува порака со иста содржина: „Не се откажуваат“, па одговор: „Не“, па прашање: „И двете?“, како и одговор: „Ајде бидувај малку“.

Се разговара и до кога може да трае наддавањето.
„Ова може до 13ч. да трае“ вели едниот, а другиот одговара: „Луда работа“.

„Требаше 40 отсто квалитет да ставите и да им дадат по 5%“, се пишува во пораката, па следува одговор: „5 бода“.

Следува и информација: „Под 5М отиде“, па одговор: „Кажаа до 4 да одиме. И пиша ти?“. Следната порака е: „За нас до 4М да одиме“, а одговорот: „Аха ок“.

Се разговара и дека никој не се откажува од фирмите кои се наддаваат.

„Не се откажуваат ни двете“, посочува обвинетиот, а се одговара: „Луда работа“, следува порака: „Се продолжува автоматски за по две минути“, па потоа: „Да“.

„Меѓу нив малку нека се јадат, да видиме кој ќе се откаже“ се пишува следно, па одговор: „Не се откажуваат до 1.5М“.

„Луда работа затоа после ништо ништо не функционира во државава“ пишува обвинетиот, а другиот враќа: „Овој последниов почна да се зае*ава или?“, па следува порака: „Е да“.

„Тие вторите веројатно се откажаа или?“ прашува еден од обвинетите, а другиот одговара: „Сега се израмнија“. Следната порака е: „Да ама не сум сигурен дека се откажани“, па одговор: „Ако се спуштат сега ќе мора и ние да спуштиме“. Следува и поплака: „Ќе нè поминат со поени“, па одговор на претходната порака: „Да, ќе мора“.

Во 11 часот и 6 минути, еден од обвинетите информира дека аукцијата е завршена и пишува: „Толку“, па добива одговор: „Ај на здравје“, па порака: „Честитки“, „Честитки“
„“.
Даниел Станчев, кој е сопственик на фирмата „Инвока груп“ која го добила спорниот тендер, и Ивица Димитровски, кој е професор на ФИНКИ и поранешен хонорарец во Влада, коментираат и дека било интересно да се води аукција.

„Ова интересно било, аукции и чуда“, се вели во пораката, а се одговара: „Да уште да има некој да збори кога се наддава, како во филмовите во живо, поинтересно ќе биде“, па следува порака: „Да “.

По шест дена од овие пораки, на 08.01.2020 година, меѓу обвинетите се разменуваат пораки: „Официјално сме избрани“, „Супер, помина рокот за жалби значи “, „Да“.

На 13 јули 2020 година, се разговара и за плаќањето.

„Здраво Даниел како си? Да не платија случајно?“, следува одговор: „Да, префрлија“. Следната порака е: „Да супер. Драги ти спомна нешто за распределба“

По ова се читаше продолжение на комуникацијата:

„Здраво Даниел. Еве ја фактурата од ФИНКИ. Останатите ако може преку фирма. 15 илјади евра е фактурата“. По ова следува порака: „Океј. Треба Перо да направи пресметка. Тој направи на 70 к, а не е тој износ. Конверзија во ЕУР. Сега ќе ја платиме на ФИНКИ“.

„Околу 67к е веројатно, нешто така вкупно. Не е 70к“, пишува во следната порака, а се добива одговор: „Да“. Следува порака: „Тој ни ДДВ ни ништо не смета. На октругло“ па потоа: „“, „Види со него па ќе се чуеме“. Пораката следна е „Да, да“.

Се дискутира и за остаток на пари: „А уствари за остатокот како може да направиме. Би ги извадил ти или би ги исплатил на мене и колегата што работевме?“ на што се одговара: „Јас ќе ги извадам“, па следната порака е: „Аха ок супер“. По овие пораки се пишува: „Ај кога ќе ја направите пресметката уште еднаш ќе се чуеме па ќе договориме“, па дискусија околу начинот на фактурирање: „А зашто има во договорот е со 18 отсто данок, а за софтвер е 5 отсто? Или нема врска тоа? Пошто фактурата за ФИНКИ е 5 отсто. Да не има некој проблем“, па порака: „Да се слушнеме“.

Се зборува и за испраќање фактура од ФИНКИ, нејзини корекции и официјално доставување.

„Понеделник целосен трансфер да направиме. Макс вторник. Ок ќе се чуеме“, пишува еден од обвинетиот.

Следните пораки кои се читаа во судницата се од една година подоцна, односно од 2021 година кога и јавно изби аферата за набавка на софтверите. Редакцијата на „360 степени“ барале одговори на прашања од „ИНВОКА груп“, за кои обвинетите се консултураат и ги испраќаат.

„Го објавија ова“, констатира обвинетиот па споделува линкови.
„Се надевам дека нема да копаат“, возвраќа другиот обвинет, па следува коментар: „Ќе видиме“.

На 10 март 2021 година обвинетиот прашува: „Следиш ли случувања?“. По ова се праќаат линкови. „Не баш“, е одговорот на прашањето.

„Нема од што да се плашиме, се е легално“, се вели во порака која ја размениле Станчев и Димитриовски. „Да, да. Си имаше наддвање се тоа“, се враќа на пораката.

„Ова Драги повеќе ќе го притискаат“, се посочува во следната порака. „Демек зошто не е МВР и сл. Зошто преку Генерален секретаријат. Деканот да се спреми за во Антикорупциска. Ти си спремен“, стои во пораката, па следува прашање: „Мислиш ќе нè викаат?“, и одговор: „Обавезно“, па коментар: „Ајде ќе видиме“.

Повторно во комуникацијата се споделува линк од вест и се вели: „Хаос. Почнаа да копаат“. Другиот обвинет додава: „Не е хаос, новинарска статија“. Па следува порака: „Не тоа секако си е на место, зборам за оправданоста и сл.“. На ова се вели: „Валјда има документи и координација. Сигурно имаат план каде и како ќе се користи“, па пораката која следува е: „И мн лоша координација со МВР“

На тоа се одговара: „Да, таа изјавата уствари, соопштението со нив дека немаат намера да го користат. А уствари ако они не го користат, нема кој, бидејќи само они можат да издаваат казни. Тоа им е проблем што ги комплицира работите“.

„Да, да“, е следната порака, па потоа: „Тоа е“. „Другото е чисто“. „Нема што, имаше наддавање, три фирми и се по прописи. Испорачан софтвер. Тестиран“.

Следниот дел од комуникацијата почнува со: „Здраво Ивица. Кога можеш да се слушнеме“, со одговор: „Здраво, можам сега“.

Потоа следува и дискусија: „Збореше ли?“, со одговор: „Да“, „Да се среди сè да е чисто со софтверот“, „Доколку дојде до ревизија на source (извор)“

Обвинетиот пишува и: „Зборев со Игор, ги интересира зошто е набавката. Никој за функционалност не прашува, засега…“ па се враќа: „Се разбираме“

Обвинителката Ивана Трајчева кажа дека можеби првиот дел од комуникацијата му е позната на судот, бидејќи веќе дел од неа е читана, односно изведена со имиња и презимиња, датуми.

Македонија

Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти

Објавено пред

Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дел од Чаир денеска без вода

Објавено пред

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.

dobivaj vesti na viber

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.

Прикажи повеќе...

Македонија

Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента

Објавено пред

Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.

dobivaj vesti na viber

Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.

Фото: илустрација (depositphotos)

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 минути

Утре прв состанок на Одборот за мир на Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп утре ќе претседава со првиот состанок на Одборот за мир, во сенка на нерешени прашања за...

Свет36 минути

Една третина од американската морнарица е во близина на Иран: објавено кога би можел да започне нападот

Американската војска е подготвена да го нападне Иран уште овој викенд, иако претседателот Доналд Трамп сè уште не донел конечна...

Македонија2 часа

Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти

Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на...

Свет2 часа

(Видео) Една од најсмртоносните лавини во историјата на САД: oсум скијачи загинаа, еден е исчезнат

Осум скијачи загинаа, а еден е исчезнат во лавина во планините Сиера Невада во Калифорнија, соопштија властите во среда, во...

Македонија15 часа

Законот за високо образование нема да биде повлечен, јавнaта расправа продолжува

Министерката за образование и наука Весна Јаневска на пленарна седница изјави дека нема да го повлече нацрт-законот за високо образование....

Македонија15 часа

Гоце Наумовски стана нов уставен судија

Собранието со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани го избра професорот Гоце Наумовски за нов уставен судија, по...

Македонија17 часа

Владата нема да купува нов авион: ќе се повлечеме од набавката и ќе се молиме да останеме живи, вели Мицкоски

Владата се откажа од набавка на нов авион на што се одлучи оти стариот е дотрајан и претставува голем трошок...

Македонија20 часа

(Видео) За Мицкоски контролата на цените не е популизам, туку заштита на граѓаните, најави праведност и кон оние што се обидуваат да профитираат од кризите и кон оние што избегнуваат обврски

Денешната конференција за формализирање на неформалната економија не е само експертска расправа. Таа е разговор за праведност во општеството. За...

Македонија20 часа

(Фото) Изгореа викендица и куќа, се запали оџак: три интервенции на струмичките пожарникари

Струмичките пожарникари денеска уште во раните утрински часови имаа три интервенции. Во 06.55 часот, во излетничката населба Суви Лаки, запалена...

Македонија21 час

„Парите за боледувања доцнат – дали Клековски манипулира дека се редовни или фондот е празен“, прашува Левица

„Изминатиот период сѐ повеќе граѓани нѐ информираат дека одреден период Фондот за здравствено осигурување не врши навремена исплата на средства...

Македонија22 часа

(Фото) На повеќе локации низ Скопје паднаа дрвја, Ѓорѓиевски: Екипите се на терен, реагираме навремено

Поради засилениот ветер и неповолните временски услови, на повеќе локации низ градот беа регистрирани паднати и оштетени дрвја. Градоначалникот Орце...

Македонија22 часа

(Фото) Силниот ветер откорна покрив во училиште во Гевгелија

Преку Единствениот број за итни повици 112 е примена пријава дека поради силен ветер летнала лимената конструкција од покривот на...

Македонија22 часа

Сè помалубројни, постари и понеисправни автобуси во кои се возат сè помалку патници, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за капацитетите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Нивното истражување...

Македонија23 часа

Мицкоски да одговори кој бил со него во владиниот авион, бара СДСМ

Луксузирањето на Мицкоски врз грбот на граѓаните и летањето со владин авион на Јадранско море го покажа вистинското лице на...

Македонија23 часа

Панчевски поднесе кривична пријава против членовите на Советот на јавни обвинители, ги обвинува за злоупотреба

Кандидатот за државен јавен обвинител Владимир Панчевски, кој не доби позитивно мислење од Советот на јавни обвинители, најави дека ќе...

Македонија24 часа

(Фото) По ерата на Југославија, селото Драчево е првото село во Македонија што добива сопствено модерно кино

Општина Кисела Вода вчера вечер официјално го отвори новото кино во Домот на културата во Драчево. Проектот, реализиран во партнерство...

Свет1 ден

Документите за Епстин се толку сериозни што би можеле да бидат злосторства против човештвото, предупредија експерти на ОН

Милиони досиеја поврзани со покојниот сексуален престапник Џефри Епстин укажуваат на глобална криминална мрежа што би можела да претставува злосторства...

Свет1 ден

(Видео) Најмалку десет скијачи исчезнаа во лавина во Калифорнија: започната е спасувачка операција

Најмалку 10 скијачи се водат како исчезнати, а шест други се заробени и чекаат спасување во услови на обилни снежни...

Европа1 ден

Мечка забележана во близина на Будимпешта

Мечка е видена во близина на Будимпешта. Животното веројатно не е од дивината, туку избегало од приватна фарма, објави општината...

Македонија1 ден

Врнежи од слаб снег на неколку патни правци, патот кон село Герман е блокиран од паднато дрво

Од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради...