Македонија
Хасани: Неизвесно затворањето за празниците Велигден и Бајрам
Ако не се донесеше ограничувањето на работата на угостителите, но и ако не се продолжеше полицискиот час, ќе требаше да се затвориме за Бајрам и Велигден. Ова го кажа заменик-министерот за здравство, Илир Хасани. Според него, овие мерки ќе треба да го намалат притисокот врз болниците. Тој повика истите да се почитуваат и да се празнува безбедно.
„Се наоѓаме во тешка општа состојба. Ние размисливме проактивно. Или ќе ограничиме или ќе се затвораме за Бајрам и Велигден. Ако не носиме одлуки, со сигурност ќе се затвориме за празниците. Се надеваме дека тоа нема да се случи и дека ќе ги поминеме празниците без ограничување. Сепак, граѓаните ќе мораат да внимаваат, бидејќи традиција е да одиме по домовите на старите луѓе, а за нив вирусот е најфатален. Овие мерки иако се непопуларни, се со цел да се намали притисокот врз болниците. Британскот вид излезе дека е поопасен. Ние носиме ригорозни мерки за претстојните празници да се поминат празнично и да бидат посветени на семејството и најблиските, а не на тоа дали некој член на семејството е во тешка состојба во болниците. Се надеваме дека ефектите од овие мерки ќе бидат позитивни. Да празнуваме безбедно, а тоа зависи од нас“, рече Хасани.
Инаку, од утре затвораат угостителските објекти, вежбалниците и се забранува одржување семинари и курсеви. Ова се дел од новите мерки за спречување на ширење на коронавирусот. Според премиерот Зоран Заев, има голема олабавеност и непочитување на мерките, а оптовареност на здравствениот систем.
Движење ќе биде дозволено само со посебни дозволи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Вештачката интелигенција треба да биде технолошка трансформација во служба на граѓаните: Во Собранието се одржа јавна расправа
Вештачката интелигенција треба да биде технолошка трансформација во служба на граѓаните
Во Собранието се одржа јавна расправа по конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за извршената ревизија на успешност на тема: ,,Можност за употреба на вештачка интелигенција во јавниот сектор”.
Настанот го отвори координаторката на Клубот на младински прашања и политики, Драгана Бојковска, која истакна дека мора да се биде во тек со современите држави кои ги користат ВИ алатките, и во тој контекст информира дека во работата на Собранието е вклучена вештачката интелигенција.
Советникот во ДЗР, Сашо Јаковчевски, кој го презентираше Извештајот, рече дека е потребна сеопфатна дигитална инфраструктура бидејќи имаме растечка база на знаење која може да се вклучи во спроведувањето на вештачката интелигенција во јавниот сектор.
Според државниот ревизор Максим Ацевски, институцијата е лидер по примената на дигитализацијата бидејќи посетеноста на веб-страницата за кусо време пораснала за 6,34 проценти.
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, посочи дека Министерството веќе има проекти со кој се очекува да се спроведе вештачката интелигенција во јавниот сектор, која треба да биде технолошка трансформација во служба на граѓаните.
Учесниците во јавната расправа посочија дека без правна регулатива може да направи повеќе штета отколку корист. Затоа е потребна национална стратегија, заштита на личните податоци, институционален капацитет и правна заштита.
Македонија
Утре со врнежи кои повремено наместа ќе бидат пообилни, на повисоките места дожд и снег
Времето утре, ќе има врнежи кои повремено наместа ќе бидат пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег.
Во источните делови ќе има услови за ретки грмежи. Ќе дува засилен повремено силен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.
Во Скопје, ќе биде облачно со врнежи од дожд. Ќе дува засилен повремено силен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Во среда и четврток времето ќе биде стабилно, а во четврток ноќта и во петок ќе има нови пообилни врнежи. Утре ќе дува засилен повремено силен јужен ветер кој во попладневните часови ќе го смени правецот во северен и ќе продолжи да дува и во среда.
Македонија
Полицајци спасија жител на Македонска Каменица кој останал заглавен на тераса во пожар во неговата куќа
Полициски службеници спасија жител на Македонска Каменица, кој беше заглавен на тераса откако настана пожар во неговата куќа, соопшти МВР.
Вчера попладне во 13:23 часот во СВР Штип е пријавено дека на ул.„14 Јуни“ во Македонска Каменица настанал пожар во куќа, сопственост на Љ.Ѓ.(80).
Полициски службеници од СВР Штип – Полициско одделение Македонска Каменица излегле на местото и го затекнале сопственикот заглавен на тераса на вториот кат, по што се преземени мерки и со помош на скали безбедно го спуштиле.
Нему му е укажана помош во Клиничка болница Штип поради вдишување чад, по што е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување.
Пожарот е изгаснат од Територијалната протипожарната едница Македонска Каменица. Увид е извршен.

