Македонија
Хелсиншки и Гласен текстилец бараат фабриките да не работат за време на полицискиот час

Хелсиншкиот комитет за човекови права и Гласен Текстилец остро реагираат на најавите дека повеќе текстилни фабрики во Штип ќе работат за време на полицискиот час во викендот што следи. Согласно добиените информации од терен, велат од Хелсиншкиот комитет, фабриките веќе извадиле или се во процес на вадење дозволи за работа, а работодавачите им најавиле на своите вработени дека ќе работат за време на полицискиот час.
„Работењето за време на полицискиот час, во денови кога најмногу прогресира бројот на заболени во земјава од почетокот на пандемијата, е крајно неодговорна одлука која директно ги загрозува здравјето и животот на текстилните работнички. Оваа одлука доаѓа во време кога е потребна најголема општествена одговорност и солидарност од работодавачите, институциите и работниците. Недозволиво е во град, кој ќе биде под 80-часовен карантин како резултат на зголемувањето на бројот на заразени со вирусот, од кои најголем број доаѓаат од текстилната индустрија, да се дозволи работа на текстилните фабрики. Особено е загрижувачки што најголемите прекршувања на превентивните мерки за заштита и спречување на ширењето на вирусот во Штип се случуваа при превоз на текстилните работнички за време на полициски час, во несоодветни автобуси, со непочитување на одредбата за смалување на капацитетот за превоз на 50% од Уредбата за јавен превоз на патници и неможноста да се одржува препорачаната дистанца“, се наведува во соопштението.
За да се заштити здравјето и животот на текстилните работнички, а во насока на превенција и справување со ширењето за вирусот, Хелсиншкиот комитет и Гласен текстилец бараат од Владата да воведе целосна забрана за работа на текстилните фабрики во Штип за време на полицискиот час.
„Очекуваме Државниот инспекторат за труд и Државниот санитарен и здравствен инспекторат и понатаму будно да ја следат состојбата на терен и да ги санкционираат сите работодавачи кои нема да се придржуваат до мерките“, пишува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Кисела Вода и Центар денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска:
· поради уличен дефект ф 300 мм на улицата Борис Трајковки бр.73, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Борис Трајковски краците 7, 9 и 11 и дел од улицата Борис Трајковски од 09:00 часот до завршување, општина Кисела Вода;
· поради уличен дефект ф 80 мм на улицата Луј Пастер бр.3, прекинато водоснабување ќе имаат корисниците на дел од улицата Луј Пастер и дел од Кино Култура од 09:00 часот до завршување, општина Центар.
Македонија
Делови од Бутел, Аеродром и Чучер Сандево денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 12.30 часот, корисниците од улица 19, Радишани, општина Бутел;
– во периодот од 08.00 до 15.30 часот, корисниците од улицата Tодор Чангов 51,53, улицата Ѓорѓи Карев, улицата Димитар Илиевски Мурато, општина Аеродром;
– во периодот од 09.00 до 13.30 часот, дел од корисниците од село Бразда во близина на ресторан Рибилмус, општина Чучер Сандево;
– во периодот од 13.00 до 14.00 часот, корисниците од улица 42, Радишани, општина Бутел.
Македонија
Сообраќајот од клучката Орман до клучката Мирковци е пуштен за редовен сообраќај

Сообраќајот на потегот од Клучка Орман до Клучка Мирковци е пуштен за редовен сообраќај, исто така и на потегот Скопје-ГП за ГР Блаце, извести АМСМ.
Сообраќајот на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка од 06 часот е нормализиран во двата правци.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.